По голем пресврт и кош со звукот на сирената, актуелните шампиони во НБА лигата, кошаркарите на Денвер Нагетст, на домашен паркет ги совладаа Лос Анџелес Лејкерс со 101:99, поведувајќи со 2-0 во првото коло од плеј-офот на Западната конференција.
ЛА Лејкерс на тацнаа ја имаа победата и израмнување на 1-1 во серијата до четири добиени натпревари. Водеа во текот на целиот натпревар, имаа 20 поени предност на почетокот на вториот дел, но во драматичната завршница останаа со празни раце.
Гостите од Лос Анџелес одлично се снајдоа во првото полувреме, по што имаа предност од 59:44, а Ентони Дејвис постигна 24 поени во првото полувреме и Д’Анџело Расел кој стрелаше 6 од 7 за три поени, беа незапирливи за одбраната на Денвер.
На почетокот на третата четвртина гостите ја зголемија разликата на 20 поени, а потоа предноста почна да се топи. Иако Леброн Џејмс на крајот дополнително се разигра, домаќините предводени од Никола Јокиќ и разбудениот Енди Мареј со „тројката“ на Портер Јуниор стигнаа до 95:95 на минута и 15 секунди до крајот.
Во последниот напад на ЛА Лејкерс, Џејмс промаши отворена „тројка“, а ерупцијата во салата почна кога на другата страна од паркетот Мареј преку Дејвис погоди со звукот на сирената за победа на Денвер 101:99.
Никола Јокиќ и на овој меч оствари „трипл-дабл“ ефект кој постигна 27 поени со 10 асистенции и дури 20 скока. Херојот Мареј заврши со 20 поени, додека Мајкл Портер Џуниор додаде 22 поени со шут 6 од 10 за три поена.
На другата страна Дејвис постигна 32 поени со 11 скока, додека Леброн Џејмс мечот го заврши со 26 поени, 12 асистенции и осум скока.
Следните два натпревара се играат во Лос Анџелес.
Кошаркарите на Њујорк Никс во драматичен финиш пред своите гледачи ги совладаа Филаделфија 76ерс со 104:101 и поведоа со 2-0 во серијата од првото коло од плејофот на Источната конференција на НБА.
Натпреварот во Њујорк беше отворен со три поврзани „тројки“ на Тајрис Макси, а Филаделфија водеше од почетокот до крајот на третата четвртина. Во првото полувреме Њујорк го одржуваше во мечот само одличниот Џош Харт, кој постигна 19 поени во првите 24 минути, заедно со 4 од 5 за „тројки“ и Брансон, кој постигна 13 поени.
Њујорк првпат поведе на четири минути до крајот на третата четвртина со 68:67, а единствените поени хрватскиот кошаркар Бојан Богдановиќ ги постигна на почетокот на последната четвртина. Во два напада на Њујорк реализираше две „тројки“ и 79:78 ги претвори во 85:78 за домаќините.
На минута пред крајот Филаделфија водеше со 100:96 кога почна „домашното невреме“. Првата „тројка“ ја постигна Брансон, а на тринаесет секунди до крајот ДиВинченцо му донесе водство на Њујорк од 102:101. Потоа Хартенштајн го блокираше Макси, а на самиот крај со звукот на сирената Ембиид промаши „тројка“ за продолжение.
Џејлен Брунсон постигна 24 поени со шест асистенции и осум скока за Њујорк, додека Џош Харт имаше 21 поен и 15 скока. Бојан Богдановиќ на теренот за Њујорк мина 11 и пол минути и имаше шест поени, два скока и две асистенции. Погоди 2-7 од поле, вклучително и 2-6 за тројки.
Џоел Ембиид и Тајрис Макси постигнаа скоро 70 поени заедно за Филаделфија. Ембиид постигна 34 со шест асистенции и 10 скока, а Макси 35 со 10 асистенции и девет скока.
Кливленд, како и Денвер и Њујорк, максимално ги искористи воведните два меча на домашен терен, а во вториот меч го совлада Орландо со 96:86. Победата на Кавс беше остварена многу поедноставно отколку што покажува конечниот резултат.
Предводени од Мичел и Ален, домашните во првата четвртина дојдоа до предност од 12 поени, 30:18, а таа разлика растеше во остатокот од натпреварот. Кливленд цело време држеше дистанца од 20 поени, а гостите од Флорида на крајот само го разубавија поразот.
Мичел беше водечки стрелец во победничкиот тим со 23 поени, додека Ален постигна 16 со дури 20 скока. Еван Мобли додаде 17 со седум скока. Кај Орландо Паоло Банчер постигна 21 поен, а Франц Вагнер 18 со седум скока. И двајцата имаа по шест промет.
Во следните два натпревара домаќини ќе бидат кошаркарите на Филаделфија и Орландо, а напредува тимот што прв ќе оствари четири победи.