Кошаркарите на Мајами Хит ги победија во „Медисон Сквер Гарден’ домашните Њујорк Никс со 108:101 и поведоа со 1-0 во полуфиналната серија до четири победи во полуфиналето на Источната конференција во доигрувањето за првак во НБА лигата.
Домашните Никс го имаа водството во поголемиот дел од првото полувреме, за Хит да минат во водство на средина од третата четвртината мина во водство кое веќе не го испуштаа до крајот на натпреварот.
Повторно Џими Батлер беше движечката сила на Хит со 15 коша, 11 скокови и 4 асистенции, и покрај проблемите со скочниот зглоб. Гејб Винсент додаде 20 поени, а клучен играч беше 37-годишниот плејмејкер Кајл Лоури кој во победата вгради 18 коша, со 6 асистенции, 5 скокови и дури 4 блокади. Центарот Бам Адебајо впиша со 8 скокови.
Никс беа ослабени со неиграњето на Џулиус Рендл, а на овој дуел ги водеше ЕрЏеј Барет со 26 коша. 9 скокови и 7 асистенции. Џејлен Браун додаде 25 поени со 7 асистенции, додека Оби Топин врза 18 коша со 8 скокови.
И вториот натпревар од серијата ќе се игра во Њујорк, а на распоредот е ноќта кон средата по средноевропско време со почетокот во 1,30 часа.