Кошаркарите на Њујорк Никс го добија вториот натпревар од НБА полуфиналето на Истокот во својата сала со Мајами Хит со 111:105, па резултатот во серијата до четири победи беше израмнет на 1-1.
Џејлен Брунсон постигна 30 поени за Њујорк Никс, кои во многу израмнет натпревар дури пред самиот крај го скршија отпорот на Мајами Хит кој настапи без својата најголема ѕвезда Џими Батлер.
Брансон беше јунак на двомечот, шутираше 10-19 од поле и 6-10 за „тројка“, иако беше под знак прашалник за оваа игра пораи повредениот десен зглоб.
Џулиус Рендл се врати од истегнување на левиот скочен зглоб со 25 поени, 12 скока и осум асистенции, РиЏеј Барет постигна 24 поени, а Џош Харт заврши со 14 поени, 11 скока и девет асистенции за Никс.
Кејлеб Мартин постигна 22 поени на местото на Батлер за Хит, кој беше домаќин на натпреварот бр.3 во сабота. Гејб Винсент додаде 21 поен, Макс Струс заврши со 17 поени, а Бам Адебајо имаше 15 поени, осум скока и шест асистенции.
Мајами дојде до водство од 93:87 пред Њујорк да постигне 14 од следните 17 поени за пет поени предност на две и пол минути до крајот на четвртата четвртина. Брунсон потоа погоди две тројки, Харт една, а со четири слободни фрлања Њујорк ја зголеми предноста на недостижни 108:100 на триесетина секунди до крајот. Харт ја запечати победата со соборување на три од четирите слободни фрлања.
Тимот од Флорида се надева дека во сабота ќе го има Батлер, водечкиот стрелец во плејофот, кој го исчаши десниот зглоб во победата од 108:101 во првиот натпревар.
Никс се обидуваат да стигнат до финалето на Источната конференција првпат по 2000 година, кога таму се најдоаа откако го победија Хит во седум натпревари.