НБА: Победи на Бостон и Минесота

Кошаркарите на Бостон Селтикс на домашен терен ги совладаа Атланта Хокс со 105:95, а Минестот Тимберволфс славеа на гостувањето кај Индијана Пејсерс со 129:120 во единствените два натпревара кои во неделата беа одиграни во НБА лигата.

Селтикс ја остварија осмата последователна победа и моментално ја имаат најдобрата активна победничка низа во лигата. Но Атланта во првото полувреме беше многу подобра, а во првата четвртина имаше и 15 коша предност, но во играта на гостите се случи пад во второто полувреме што Бостон го искористи и на крајот дојде до доста уверлива победа.

Џејсон Тејтум ги предводеше победниците со 38 коша и 10 скокови, Џејлен Браун врза 17 поени со 9 скови, а Маркус Смарт 13 коша и 7 асистенции. Треј Јанг со 30 поени и 10 скокови беше најдобар играч на Хокс, за кои Богдан Богдановиќ додаде 26 коша.

Индијана против Минесота во првата четвртина дојдоа до 10 коша предност, но потоа разликата се истопи и гостите веќе кон средината на втората четвртина од минус 10 дојдоа на плус 10. Индијана на почетокот од последната четвртина успеа да дојде на само два коша заостанување, но поблиску од доа домашниот тим не стаса и така го доживеа шестиот последователен пораз.

Најдобриот стрелец кај Тимберволфс беше Ентоно Едвардс со 37 коша, Д“Анџело Расел додаде 23 поени, а Карл-Ентони Тоунс имаше 15 коша и 13 скокови во победничкиот тим. Кај Пејсерс новодојдениот плеј од Сакраменто, Тајрес Халибартон постигна 22 коша и подели 16 асистенции, Ошеј Брисет впиша 22 поени со 13 скокови, а Ленс Стивенсон 21 кош.
Пејсер погодија само 13 „тројки“ од 45 обиди, додека Минесота имаше надполовично остварување во оваа категорија – 18 погодени шута од 34 обиди.

ТАБЕЛИ

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА

Атлантска дивизија
1. Филаделфија 76ерс 34 22 .607 –
2. Бостон Селтикс 33 25 ,569 2
3. Торонто Репторс 31 24 .564 2 1/2
4. Бруклин Нетс 29 27 .518 5
5. Њујорк Никс 25 32 .439 9 1/2

Централна дивизија
1. Чикаго Булс 36 21 .632 –
2. Кливленд Кавалирс 35 22 .614 1
3. Милвоки Бакс 35 22 .614 1
4. Индијана Пејсерс 19 39 .328 17 1/2
5. Детроит Пистонс 12 44 .214 23 1/2

Југоисточна дивизија
1. Мајами Хитс 37 20 ,649 –
2. Шарлот Хорнетс 29 29 .500 8 1/2
3. Атланта Хокс 26 30 .464 10 1/2
4. Вашингтон Визардс 25 30 .455 11
5. Орландо Меџик 13 45 .224 24 1/2

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА

Пацифичка дивизија
1. Феникс Санс 46 10 .821 –
2. Голден Стејт Вориорс 42 15 .737 4 1/2
3. Лос Анџелес Клиперс 28 30 .483 19
4. Лос Анџелес Лејкерс 26 30 .456 20 1/2
5. Сакраменто Кингс 22 36 .379 25

Југозападна дивизија
1. Мемфис Гризлис 40 18 .690 –
2. Далас Маверикс 33 24 .579 6 1/2
3. Њу Орлеанс Пеликанс 22 34 .393 17
4. Сан Антонио Спарс 22 35 .386 17 1/2
5. Хјустон Рокетс 15 40 .273 23 1/2

Северозападна дивизија
1. Јута Џез 35 21 .625 –
2. Денвер Нагетс 31 25 .554 4
3. Минесота Тимбервулфс 30 27 .526 5 1/2
4. Портланд Трејл Блејзерс 23 34 .404 12 1/2
5. Оклахома Сити Тандер 17 39 .304 18