![Filadelfija Milvoki](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/Filadelfija-Milvoki.webp?resize=696%2C464&ssl=1)
Синоќа во НБА лигата се одиграа само три натпревара, бидејќи целото внимание беше насочено кон Суперболот, а до победите стигнаа домашните тимови Хјустон Рокетс, Милвоки Бакс и Детроит Пистонс.
Хјустон Рокетс ги совладаа гостите Торонто Репторс со 94:87 на домашен терен, предводени од Дилон Брукс со 19 поени, додека Џејлен Грин додаде 18. Грин постигна две „тројки“ во последната четвртина и додаде девет скока за да му помогне на Хјустон да ја надмине двоцифрената негатива. Имануел Квикли постигна 20 поени и забележа 8 скока, додека Скоти Барнс имаше 15 поени, девет скока и седум асистенции за Репторс. Дебитантот Џамал Шед додаде 14 поени од клупата. Рокетс од средината на првата четвртина остана без својот најдобар играч Алперен Сенгун, кој мораше да ја напушти играта поради грчеви. Хјустон се четврти на Западот со скор од 33-20 победи-порази.
Детроит Пистонс ги совладаа Шарлот Хорнетс со 112:102 на домашен терен, а Кејд Канингем придонесе во победата на неговиот тим со „трипл-дабл“. Канингем го заврши натпреварот со 19 поени, 12 асистенции и 10 скока, а Детроит Пистонс не беа во резултатско заостанување во ниту еден момент од натпреварот. Тобијас Харис постигна 20 поени, а Малик Бисли имаше 17 кога Пистонс го добија вториот последователен натпревар по два последователни порази. Мајлс Бриџис ги предводеше Хорнетс со 30 поени и девет скока. Сет Кари постигна 26 а Исаја Вонг впиша 17 поени. Шарлот беа без ЛаМело Бол, кој е повреден. Детроит се на шестото место во Источната конференција со учинок од победи-порази 27-26, додека Шарлот се на 14. место со 13 победи и 37 порази.
Милвоки Бакс на домашен терен ги совладаа Филаделфија 76ерс со 135:127, а во домашниот тим предничеше Демијан Лилард со 43 поени. Лилард додаде седум скока и осум асистенции за Милвоки, кои играа без Ол-старот играчот Јанис Адетокомбо, кој се пожали на повреда. Гери Трент Џуниор додаде 23 поени, од кои седум „тројки“, а уште пет играчи на Бакс постигнаа двоцифрени поени.Тајрис Макси ја предводеше Филаделфија со 39 поени, а Џоел Ембиид собра 27 поени со 12 скока и шест асистенции. Гершон Јабуселе додаде 18 поени, додека Пол Џорџ со 12 поени, шест асистенции и три украдени топки. Милвоки е петта екипа на Истокот (28-23), а Филаделфија е 11-та (20-32).