НБА преглед: Богдановиќ ги однесе Хокс до победата над Грлизлис

Српскиот кошаракар Богдан Богдановиќ постигна 30 коша и го надомести изостанувањето на Треј Јанг во домашната победа на Атланта Хокс од 120:105 против третата екипа во Западната конференција, Мемфис Гризлис, кои го доживеаја првиот пораз во последните пет натпревари.

Покрај Јанг, Хокс беа и без повредениот Џон Колинс. Покрај Богдановиќ, најзаслужен за четвртата победа на Атланта во последните пет меча беа и Клин Капела и Делон Рајт со по 18 поени. Кај Гризлис по еден меч пауза се врати Џа Морант и постигна 29 поени, но тоа не беше доволно тимот од Мемфис да ја продолжи победничката серија.

Два синоќешни дуела во НБА лигата беа решени во продолженијата. Еден од назаслужните за победата на Кливленд Кавалирс од 119:116 кај фаворизираните Денвер Наге бепе Лаури Мерканен чијашто „тројка“ на 28,3 секунди пред крајот од петтминутното продолжение се покажа решавачка. Финецот постигна 31 кош со 10 скоковои. Ивен Мобли впиша 27 поени со 11 скокови, а Дариус Гарланд го заврши мечот со 25 копа и 14 асисенции.

Иако беше блиску до нов „трипл-дабл“ со 32 коша, 10 скокови и 8 асистенции, Никола Јокиќ не можеше да го спречи поразот на Нагетс кои во Кловленд допатуваа со најдолгата низа победи на гостувањата во клупската историја, но оваа серија од седум победи на противнички паркет е запрена. Аарон Кордон за гостите додаде 20 поени.

До важна победа дојдоа и Лос Анџелес Лејкерс во Торонто, каде ги совладаа Репторс со 128:123 прекинувајќи ја серијата од пет победи на домашниот тим. Леброн Џејмс ги предводеше Лејкерс до првата победа по низата од три пораза со 36 коша, 9 скокови и 7 асистенции. Расел Вестбрук дојде до „триол-дабл“ со 22 поени, 10 скокови и 10 асистенции, а погоди и „тројка“ којашто дуелот до одведе во продолжението. Скот Барнес беше најдобар кај Репторс со 31 кош и 17 скокови.

Јута Џез на својот паркет ги совлдааа Лос Анџелес Клиперс со 121:92, а хрватскиот кошаркар Бојан Богдановиќ поради повреда го пропушти третиот натпревар. Во домашниот тим не играша ниту Донован Мичел, а стрелците кај Џез ги предводеа новајлијата Џаред Батлер со 21 кош, Џордан Клакрсон со 20 поени и 8 скокови ии центарот Руди Гобер кој врза 19 коша и 16 скокови. Кај Клиперс најдобар беше Робер Ковингтон со 18 поени.

До втората победа на мини-турнејата по Западпот стасаа Бостон Селтикс кој со 126:97 славеа кај Сакраменто Кингс. Џејсон Тејтум оствари 32 поени а Џејсно Браун 30 за победниците, додека Кингс ги предводеше Домантас Сабонис со 30 коша и 20 скокови, но не можеше да го спрели шестиот пораз на својот тим во последните седум натпреври.

Во борбата за место во „плеј-ин“ турнирот за пласман во доигреувањето дестопасираната екипа во Западната конференција, Њи Орлеанс Пеликанс со 124:91 протрчаа до победата кај Сан Антониот Спарс. Спарс сега имаа две победи помалку и три пораза повеќе од Пеликанс. СиЏеј Малколм за победниците постигна 20 коша, а Јонас Цаланчиунас додаде 16 поени со 12 скокови. Девин Васле за домашните постигна 18 а Деџонте Мареј 17 поени.

Мајами со сооднос на победи и порази 47-24 се зацврсти на својата водечка позиција во Источната конференција со домашната победа 120:108 над Оклахома Сити Тандерс. За гостите ова беше осмиот последователн пораз. Тајлер Хиро постигна 26 коша за Хит, а по 19 поени уфлрија Данкан Робинсон и Бан Адебајо кој имаше и 9 скокови. За Тандерс 26 коша постигна Шеј Гилгеус-Александар а 25 постигна Ти Мен.

Филаделфија 76ерс со соодносот 43-26 со домашната победа против Далас Маверикс се задржа на четири победи помалку од водечкиот Мајами. Џоел Ембид ги предводеше Сиксерс со 32 коша, 8 скокови и 5 украдени топки. Џејмс Харден додаде 24 поени, 12 асистенции и 7 скокови. Лука Дончич немаше своја вечер, бидејќи погоди само 5 од 20 обиди и дуелот го заврши со 17 поени, 10 асистенции и 7 скокови. Мавс со 24 поени ги предводеше Џејлен Брансон.

Кевин Дјурант со 38 коша им помогна на Бруклин Нетс да дојдат до домашната победа од 128:123 против Портланд Трејл Блејзерс. Повратникот во редовите на Нетс, Сет Кари постигна 27 коша, а Брус Брауб 15 од своите 17 поени ги постигна во второто полувреме во кое Натс направија пресврт од заостанувањето од 18 коша (64:82) од третата четвртина. Блејзерс го доживеа деветти пораз во последните десет натпревари, а стрелците на гостите ги предводеше Џош Харт со 25 коша.

Феникс Санс пред своите навивачи ги совладаа Чикаго Булс со 129:102 и стасаа до 57-та победа во сезоната. Водечката екипа во целата НБА лига ги предводеше Девин Букер со 28 коша. Деандре Ејтон впиша 20 поени и 12 скокови. Булс го доживеа осмиот пораз во последните десет натпревари, а ги предводеа Демар Дерозен со 19 копа и Никола Вучевиќ со 16 поени.

Њујорк Никс во „Медисон Сквер Гарден“ ги совладаа Вашингтон Визардс со 100:97, а „дабл-дабл“ остварувања имаа Џулиус Рандл и Мичел Робинсон. Реднл впиша 18 поени и 17 скокови, а Робинсон уфрли 15 поени со 12 скокови. ЕрЏеј Барет, исто така, постигна 19 поени. За Визардс по 18 коша постигнаа Кајл Кузма и Кристапс Порзингс кој имаше и 11 скокови.

Ретка гостинска победа, со сооднос 9=27, остварија Индијана Пејсерс кои со 121:118 ги совладаа Хјустон Рокитс. Малколм Брогдон уфрли 25 коша за победниците, а Гога Батидзе без промашување од игра додаде 23 поени. Кристијан Вуд беше најдобар кај Рокитс со 32 коша, 13 скокови и 7 асистенции.