Кошаркарите на Далас Маверикс на својот паркет ги совладаа во вториот натпревар од првиот круг од „плеј-офот“ во НБА лигата Јута Џез со 110:104.
Далас успеа да израмни на 1:1 во серијата до четири победи, иако повтрно играа без првата ѕвезда Лука Дончич. Во негово отсуставо кај домашните блесна Џејлен Брансон кој постигна рекордени 41 кош о стана петтиот играч на Далас кој постигнат 40 и повеќе поени во одигрувањето. Маверикс истовремно поставија клупски рекорд со 22 „тројки“, а имаа и само три загубени топки, со што го израмнија рекордот во доигрувањето.
Далас беше под притисокот да не ги загуби првите два меча дома откако доигрувањето го отвори со предност на домашниот терен првпат по освојувањето на титулата пред 11 години. По полуивремето Маверикс го надомесите заостанувањето од 10 поени, а Брансон имаше помош од Германецот Макси Клебер кој постигна 25 поени.
Кај Јута, пак, Домован Мичел постигна 34 поени, Бојан Богдановиќ беше втор тимски стерелец со 25 а Џордан Кларксон додаде 21 кош. Руди Гобер впиша 8 поени со 17 скокови.
Третиот дуел од доигрувањето истата двојка ќе се игра во четвртокот вечерта во Јута, каде што Далас ги загуби последните 11 натпревари.
Денвер Нагетс во вториот меч од доигрувањето на гостувањето кај Годелн Стејтс беа убедливо поразени со 106:126, Никола Јокиќ повторно впиша „дабл-дабл“, но и беше исклучен во последната четвртина.
Јокиќ за 28 минути на теренот постигна 26 поени со 11 скокови и 4 асистенции, но беше исклучен на седум минути пред крајот при убедливо восто на домашните, кога му беше доделена уште една техничка грешка поради нервозна реакција.
Кај Денвер тројца играчи постигнаа по 12 поени. Во тимот на Голден Стејт, кои во последната четвртина влегоа со 20 коша предност, одличен беше Стеф Кари со 34 коша за само 23 минути на паркетот. Го следепе Џордан Поли.
Третиот меч, во кој домаќин ќе биде Денвер, се игра ноќта меѓу четврток и петок.
Во Источната конференција, Филаделфија 76ес како домаќини ги совладаа Торонто Рапторс со 112:97 и поведоа со 2-0 во победите. Камерунецот во тимот на домашните Џоел Ембид беше најефикасен на мечот со 31 кош и 11 скокови. Ова беше 100-та победа во плеј-офот во НБА во кариерата на тренерот на Филаделфија, Док Риверс.