НБА преглед: Дончич броеше за рекодни 51 поен

Кошаркарите на Далас Маверикс ги совладаа ноќта кон петокот на својот паркет Лос Анџелес Лејкерс со 112:105, предводени од извонредно шутерски расположениот Лука Дончич кој постигна 51 поен.

Дончич до рекордот во кариерата дојдел по одличната прва четвртина во којашто постигна дури 28 поени и тоа само неколку часа откако Латвиецот Кристапс Порзингис замина во „трејдот“ со Вашингтон Визардс. И пократ тоа што Дончич постигна седум од вкупно деветте „тројки“ во својата најуспешна четвртина во кариерата, Далас не успеа да се одлепи, па Клиперс во последната делница беа на само два поена заостанувања, но не успеаја и да направат пресврт.

Дариус Фини Смит додаде 12 поеани за победничкиот тим, а кај Клипшрс најдобри беа Маркус Морис со 21 поен а Норман ПАуел и Реџи Џексон постигнаа по 19 коша.

Далас се петти на Западот со сооднос меѓу победите и поразите од 33-23, додека Клиперс се осми со 27-30.

Голден Стејт Вориотс беа поразен на домашен терен од Њујорк Никс со 116:114. Гостите до победата ги водепе Џулиус Ренлд со 28 поени и 16 скокови, додека Еван Фурние додаде 22 поени. Кај Вориорс најдобар беше Стеф Кари со 35 поени, но го промаши последниот шут за продолжување. Сепак, Вориорс останаа втори на Западот со 41:15.

Во репризата од минатогодишното финале, Феникс Санс ги победија Милвоки Бакс со убедливи 131:107. Најдобар кај победниците беше Деандре Ејтон со 27 коша, а Крис Пол додаде 17 поени со 19 асистенции. На спротивната страна Џру Голудел и Крис Мидлтон постигна по 21 поен, додека Јанис Адетокумбо мечот го заврши со 18 поени, но не влезе во игра целата последна четвртија бидејќи Санс имаа огромна предност.

Бакс, инаку, лани дојдоа до титулата совладувајќи ги во финалето Санс со 4-2, иако тимот од Феникс имаше водство од 2-0.

Вашингтон Визардс славеа против Бруклин Нетс со 113:112, и тоа неколку часа по заминувањето на Џејмс Харден во Сиксерс. Нетс мораа да го признаа 10-от пораз во низа, а Кајри Ирвин, кој единствениот расположлив член од ткн „Биг3“, имајќи предвид дека Кевин Дјурант сѐ уште го лекува коленото, не можеше да го промени текот на мечот и покрај 31 поен, 6 асистенции и 5 скокови.

Кантавиус Колдвел-Поуп, ги постигна клучните од своите вкупно 13 поени за Визардс, во чиишто редови Кајкл Кузам оствари „трипл-дабл“ со 15 поени, 13 скокови и 10 асистенции.

Загалвени на осмото место на Истокот, Нетс сега ја чекаат брзата интеграција на Бен Симонс, Сет Кари и Андре Драмонд, кои стасаа од Филаделфија во соноќешните размени во НБА лигата.

РЕЗУЛТАТИ

Детроит Пистонс – Мемфис Гризлис 107:132
Вашингтон Визардс – Бруклин Нетс 113:112
Њу Орлеанс Пеликанс – Мајами Хит 97:112
Хјустон Рокетс – Торонто Репторс 120:139
Далас Маверикс – ЛА Клиперс 112:105
Феникс Санс – Милвоки Бакс 131:107
Голден Стејт Вориорс – Њујорк Никс 114:116

ТАБЕЛИ

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА

Мајами Хитс 36 20 64,3
Чикаго Булс 34 21 61,8
Кливленд Кавалирс 34 21 61,8
Милвоки Бакс 35 22 61,4
Филаделфија 76ерс 32 22 59,3
Торонто Репторс 31 23 57,4
Бостон Селтикс 31 25 55,4
Бруклин Нетс 29 26 52,7
Шарлот Хорнетс 28 28 50,0
Атланта Хокс 26 28 48,1
Вашингтон Визардс 25 29 46,3
Њујорк Никс 25 31 44,6
Индијана Пејсерс 19 37 33,9
Орландо Меџикс 13 43 23,2
Детроит Пистонс 12 43 21,8

ЗАПАДна КОНФЕРЕНЦИЈА

Феникс Санс 45 10 81,8
Голден Стејт Вориорс 41 15 73,2
Мемфис Гризлис 39 18 68,4
Јута Џез 34 21 61,8
Далас Маверикс 33 23 58,9
Денвер Нагетс 30 24 55,6
Минесота Тимбервулфс 29 26 52,7
ЛА Клиперс 27 30 47,4
Лос Анџелес Лејкерс 26 30 46,4
Њу Орлеанс Пеликанс 22 33 40,0
Портланд Трејл Блејзерс 22 34 39,3
Сакраменто Кингс 21 36 36,8
Сан Антонио Спарс 20 35 36,4
Оклахома Сити Тандер 17 37 31,5
Хјустон Рокетс 15 40 27,3