НБА преглед: Голден Стејт подобри од Мајами

Голден Стејт Вориорс изминатата ноќ на гости со 118:104 ја победија водечката екипа во Источната конференција, Мајами Хитс, иако одиграа без тројцата најдобри играчи.

Џордан Пул уфрли 30 коша со девет асистенции, а Демион Ли, Ендрју Вигинс и Џонатан Куминг дадоа по 22 коша за Вориорс кои ја прекинаа низата од три пораза. Голден Стејт ги одморапе Дрејмонд Грин, Клеј Томпсон и Отис Портер Џуниор а беа и без повредениот Стеф Кари.

Кајл Лоури беше најдобар стрелец Хитс со 26 коша и девет асистенции, додека Бам Адебајо додаде 25 коша и девет скокови.

Мемфис Гризлис ги победија Бруклин Нетс со 132:120, иако испуштија предност од 18 поени. До победата ги водеа Дезмонд Бејн и Де’Ентони Мелтон со по 23 коша . На Нетс не им помогнаа ниту 43-те коша на Кајри Ирвинг и 35-те на Кевин Дјурант, како ни тоа што Гризлис играа без Џа Морант веќе втор меч со ред.

Бостон Селтикс дома со 125:97 беа подобри од Јута Џез. Џејсон Тејтум и Џејлен Браун во победата на својот тим учествуваа со по 26 коша. Најголемата предност на Бостон во еден момент изнесуваше 32 коша. Кај Јута најдобар беше Донован Мичел кој дуелот го заврши со 37 коша.

Филаделфија 76ерс на гости со 126:121 ги надиграа Лос Анџелес Лејкерс кои играа без Леброн Џејмс. Џоел Ембиид беше најдобар стрелец на мечот со 30 коша и 10 скокови за Сиксерс, а Џејмс Харден додаде 24 поени. Најдабри кај Лејкерс со по 24 коша беа Двајт Ховард и Расел Вестрбрук.

Сан Антониот Спарс на гостувањето со високи 133:96 ги победина Портланд Трејл Блејзерс, а до победата ги водеше Деџонте Мареј со 28 коша, 7 асистенции и 6 скокови. Келдон Џонсон даде 16 коша од кои пет „тројки“ за третата победа на Спарс во последните четири натпревари.

Феникс Санс, исто така, на гости со 125:116 ги совладаат Минесота Тимберволфс, а Деандре Ејтон ги предводеше победниците со 35 коша, колку што постигна и најдобриот поединец кај поразените Карл-Ентони Тоунс.

Детроит Пистонс дома со 122:101 беа подобри од Атланта Хоукс, а Оклахома Сити Тандерс со 118:102 од Орландо Меџикс. Сакраменто Кингс со 110:109 во Индијанполис ги победија Индијана Пејсерс, Њујорк Никс ја прекинаа серијата од пет победи на Шарлот Хорнетс победувајќи ги на нивен терен со 121:106, а Далас Маверикс без Лука Дончил со 110:91 ги победија Хјустон Рокетс.

РЕЗУЛТАТИ

Далас Маверикс – Хјустон Рокетс 110:91
Шарлот Хорнетс – Њујорк Никс 106:121
Детроит Пистонс – Атланта Хокс 122:101
Индијана Пејсерс – Сакраменто Кингс 109:110
Бостон Селтикс – Јута Џез 125:97
Мајами Хит – Голден Стејт Вориорс 104:118
Мемфис Гризлис – Бруклин Нетс 132:120
Минесота Тимбервулвс – Феникс Санс 116:125
Оклахома Сити Тандер – Орландо Меџик 118:102
Лос Анџелес Лејкерс – Филаделфија 76ерс 121:126
Портланд Трејл Блејзерс – Сан Антонио Спарс 96:133

ТАБЕЛИ

 

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА

АТЛАНТСКА ДИВИЗИЈА
1. Филаделфија 76ерс 45 27 .625 —
2. Бостон Селтикс 46 28 ,622 —
3. Торонто Репторс 40 32 ,556 5
4. Бруклин Нетс 38 35 .521 7 1/2
5. Њујорк Никс 31 42 .425 14 1/2

ЦЕНТРАЛНА ДИВИЗИЈА
1. Милвоки Бакс 45 27 ,625 —
2. Чикаго Булс 42 30 .583 3
3. Кливленд Кавалирс 41 31 .569 4
4. Индијана Пејсерс 25 48 .342 20 1/2
5. Детроит Пистонс 20 53 .274 25 1/2

ЈУГОИСТОЧНА ДИВИЗИЈА
1. Мајами Хитс 47 26 ,644 —
2. Шарлот Хорнетс 37 36 .507 10
3. Атланта Хокс 36 37 .493 11
4. Вашингтон Визардс 30 41 .423 16
5. Орландо Меџик 20 54 .270 27 1/2

 

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА

ПАЦИФИЧКА ДИВИЗИЈА
1. Феникс Санс 59 14 .808 —
2. Голден Стејт Вориорс 48 25 .658 11
3. Лос Анџелес Клиперс 36 38 .486 23 1/2
4. Лос Анџелес Лејкерс 31 42 .425 28
5. Сакраменто Кингс 26 48 .351 33 1/2

ЈУГОЗАПАДНА ДИВИЗИЈА
1. Мемфис Гризлис 50 23 .685 —
2. Далас Маверикс 45 28 .616 5
3. Њу Орлеанс Пеликанс 30 42 .417 19 1/2
4. Сан Антонио Спарс 29 44 .397 21
5. Хјустон Рокетс 18 55 .247 32

СЈЕВЕРОЗАПАДНА ДИВИЗИЈА
1. Јута Џез 45 28 .616 —
2. Денвер Нагетс 43 30 ,589 2
3. Минесота Тимбервулфс 42 32 .568 3 1/2
4. Портланд Трејл Блејзерс 27 45 .375 17 1/2
5. Оклахома Сити Тандер 21 52 .288 24