Кошаркарите на Денвер Нагетст славеа на гостувањето во „Медисон Сквер Гарден“, каде во првиот дуел од програмата во НБА лигата ноќта кон неделата ги совладаа домашните Њујорк Нокс со 113:99.
Нагетс до победата ги предводводеше минатогодишниот најгорисен играч (МВП) во лигата, српскиот центар Никола Јокиќ кј постигна 32 поени со одличен шут 14 од 19 ободини, 11 скокови и 5 асистенции. Голем придонес од клупата даде и Езекуел „Зик“ Ннаџи додавајќи 21 поен погодувајќи пет од од девет обиди за „тројка“, а имаше и 8 скокови.
Во домашниот тим најдобар беше Џулиус Рендл со 24 коша, осум асистенции и седум скокови.
Никс со овој пораз паднаа под 50 отсто победи со сооднос 11-12 и моментално се на 11-ти место во Источната конференција, што на крајот од регуларниот дел од сезоната би значело дека остануваат без плеј-офот. Но за нивна среќе, досега имаат одиграно само четвртина од натпреварите.
Денвер дојде до половично остварување 11-11 што му го носи осмото место во Западната конференција во која се издвоија првите три екипи Голден Стејт Вориорс со 19-3, Феникс Санс со 18-4 и Јута Џез со 15-7, додека седум екипи се во рамките на една победа повеќе од порази.
Сакраменто Кингс со 104:99 на својот паркет ги совладаа Лос Анџелес Клиперс. Сакреманто до победата ги водеа Теренс Дејвис со 28 и Тајрис Халобартон со 18 коша. Кај Клиперс најдобар беше Маркус Морис со 21 кош и 8 скокови, Реџи Џексон додаде 18 а Пол Џорџ 15 поени со 10 асистенции.
Далас Маверикс, кој играа без словенскиот репрезенатативец Лука Дончич, го загубија четвртиот последователен натпревар на домашен терен, а овојпат од нив беа подобри со 97:90 Мемфис Гризлис.
Бостон Селтикс дома со високите 145:117 ги надиграат Портланд Трејл Блејзерс. Ги предводеа Џејсон Тејтум и Денис Шредер кои дуелот го завршија со по 31 кош. Пејтон Ричардс постигна 19 а Маркус Смарт 17 коша.
Бруклин Нетс беа изненадени од гостинските Чикаго Булс кои славеа со 111:107 најмногу благодарејќи на Зак Лавин кои впиша 31 поен со 8 скокови и 6 асистенции и Демар Розен кој 29 коша. Во редовите на домашните најдобар беше Кевин Дјурант кој даде 20 коша, додека Џејмс Харден впиша 14 поени и 14 асистенции.
РЕЗУЛТАТИ
Њујорк Никс – Денвер Нагетс 99:113
Бруклин Нетс – Чикаго Булс 107:111
Милвоки Бакс – Мајами Хитс 124:102
Далас Маверикс – Мемфис Гризлис 90:97
Голден Стејт Вориорс – Сан Антонио Спарс 107:112
Сакраменто Кингс-ЛА Клиперс 104:99
Портланд Трејл Блејзерс – Бостон Селтикс 117:145
ТАБЕЛИ
ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА
АТЛАНТСКА ДИВИЗИЈА
1. Бруклин Нетс 16 7 .696 –
2. Бостон Селтикс 13 11 .542 3 1/2
3. Филаделфија 76ерс 12 11 .522 4
4. Њујорк Никс 11 12 .478 5
5. Торонто Репторс 10 13 .435 6
ЦЕНТРАЛНА ДИВИЗИЈА
1. Чикаго Булс 16 8 .667 –
2. Милвоки Бакс 15 9 .625 1
3. Кливленд Кавалирс 13 10 .565 2 1/2
4. Индијана Пејсерс 9 16 .360 7 1/2
5. Детроит Пистонс 4 18 .182 11
ЈУГОИСТОЧНА ДИВИЗИЈА
1. Вашингтон Визардс 14 9 .609 –
2. Мајами Хитс 14 10 .583 0 1/2
3. Шарлот Хорнетс 13 11 .542 1 1/2
4. Атланта Хокс 12 11 .522 2
5. Орландо Меџикс 5 19 .208 9 1/2
ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА
ПАЦИФИЧКА ДИВИЗИЈА
1. Голден Стејт Вориорс 19 4 .826 –
1. Феникс Санс 19 4 .826 –
3. Лос Анџелес Клиперс 12 12 .500 7 1/2
3. Лос Анџелес Лејкерс 12 12 .500 7 1/2
5. Сакраменто Кингс 10 14 .417 9 1/2
ЈУГОЗАПАДНА ДИВИЗИЈА
1. Мемфис Гризлис 13 10 .565 –
2. Далас Маверикс 11 11 .500 1 1/2
3. Сан Антонио Спарс 8 13 .381 4
4. Њу Орлеанс Пеликанс 7 18 .280 7
5. Хјустон Рокетс 6 16 .273 6 1/2
СЕВЕРОЗАПАДНА ДИВИЗИЈА
1. Јута Џез 15 7 .682 –
2. Денвер Нагетс 11 11 .500 4
3. Минесота Тимбервулфс 11 12 .478 4 1/2
4. Портланд Трејл Блејзерс 11 13 .458 5
5. Оклахома Сити Тандерс 6 16 .273 9