НБА преглед: Продолжуваат победите на Вориорс, 50 поени на Кари и бруталност на Јокиќ

Одличната сезона во НБА лигата и натаму продолжува за кошаркарите за Голден Стојт Вориотс, коишто ноќта до понеделникот кон вторникот ја впишаат деветтата победа, во десетте одиграни натпревари.

Овојпат Голден Стејт Вориорс на домашниот паркет со 127:113 ја победи Атланта Хоукс, иако гостите имаа предноста на полувремето од 65:61. Меѓутоа, „Воините“ одлично ја одиграа третата четвртина којашто ја добија со 41:20, а ги предводеше Стефен Кари кој оствари 50 поени. Притоа имаше и 10 асистенции, 7 скокови и 50-процентен шут од игра 14 од 28, со 9 од 19 во обидите за три поени.

Самиот Кари се покажа како премногу за минатогодишниот финалист во Источната конференција, а уште 16 поени за Голден Стејт постигна Џордан Пул, додека Ендрју Вигинс додае 13 поени. Кај Атланта најдобар беше Три Јанг со 28 коша и 9 асистенции, додека Џон Колинс додаде 19 поени со 6 скокови.

Никола Јокиќ одигра уште еден одличен натпревар за своите Денвер Нагетс кои како домаќини ги совладаа Мијами Хитс со 113:96 и го оствари својот прв „трипл-дабл“ сезонава со 25 поени, 15 скокови и 10 асистенции, со шут од дури 10 од 14 од игра.

Но во завршницата во дуелот Јокиќ стави голема дамка на тоа со бруталниот прекршок над Маркиефф Морис. Поточно, претходеше неспортски фаул кој над него го направи Морис, но Јокиќ се одмазди откако одгрбо жестоко налета на Морис и буквално го спростре по паркетот каде овој подолго време се превиткуваше. Јокиќ беше исклучен поради потегот и веројатно ќе чека суспензија од еден или повеќе натпревари, а дополнително беше исклучен и Морис.

Покрај Јокиќ, добра партија за Денвер пружи и Вил Бартон со 15 коша, 6 асистенции и 5 скокови, додека стандардно Мајами ги предводеше Џими Батлер со 31 поен, 8 асистенции и 5 скокови.

 

Лука Дончич постигна 25 поени за Далас Маверикс кои немаа проблеми со Њу Орлеанс Пеликанск на свој терен. Маверикс беа подобри со 108:92, а Пеликанс е првата екипа во лигата која со тоа дојде до десеттиот пораз сезонава.

 

Без Леброн Џејмс, Лос Анџелес Лејкерс пред свотие навивачи ги совладаа Шарлот Хорнетс со 126:123 и тоа по продолженијата. Речиси половината од поените за Лејкерс ги постигнаа Ентони Дејвис со 32 и Кармело Ентони со 29 коша, а Дејвис имаше и 12 скокови. Иако имаше дури 7 загубени топки и лош шут со 5 од 15 од игра, Расел Вестбрук оствари уште еден „трипл-дабл“ во своијата кариера со 17 поени, 14 асистенции и 12 скокови.

На спротивната страна, целата почетна петорка на Шарлотс имаше двоцифрени бројки кај показатателот за постигнатите поени, на најдобрите ги впиша Ламело Бол со 25 поени, 15 скокови и 11 асистенции.

 

Чикаго Булс со убедливите 118:95 ги победија Бруклин Нетс кои го разбија во последната четвртина од дуелот, која ја добија со дури 42:17. Чикаго и натаму е при врвот на Источната конференција, а овојпат ги водеше Демар Дерозена со 28 поени, додека Зак Левин додаде 24, а Никола Вучевиќ имаше 11 коша и 13 скокови.

Кај Нетс, додека можеше во егал екипата ја одржуваше Кевин Дјурант со 38 поени и 10 скокови, со многу мала помош од Ламаркус Олдриџ со 19 поени и 7 скокови.

Без Џоел Ембид, кој е позитивен на коронависурот, но и Џо Харис, Филаделфија 76ерс не можеше на својот паркет да ги победи Њујорк Никс. Гостие славеа со 103:96 предводени 31 поен и 12 скокови од Џулиус Рендл.

РЕЗУЛТАТИ

Филаделфија – Њујорк 96:103
Чикаго – Бруклин 118:95
Мемфис – Минесота 125:118 (продолженија)
Далас – Њу Орлеанс 108:92
Денвер – Мајами 113:96
Голден Стејт – Атланта 127:113
Сакраменто – Феникс 104:109
ЛА Лејкерс – Шарлот 126-123 (продолженија)

ТАБЕЛИ

 

ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА
Атлантска дивизија

1. Филаделфија 76ерс 8 3
2. Бруклин Нетс 7 4
3. Њујорк Никс 7 4
4. Торонто Репторс 6 5
5. Бостон Селтикс 4 6

Централна дивизија

1. Чикаго Булс 7 3
2. Кливленд Кавалирс 7 4
3. Милвоки Бакс 4 6
4. Индијана Пејсерс 4 7
5. Детроит Пистонс 1 8

Југоисточна дивизија

1. Мајами Хитс 7 3
2. Вашингтон Визардс 7 3
3. Шарлот Хорнетс 5 7
4. Атланта Хоукс 4 7
5. Орландо Меџика 3 8

ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА
Пацифичка дивизија

1. Голден Стејт Вориорс 9 1
2. Феникс Санс 6 3
3. Лос Анџелес Лејкерс 6 5
4. Лос Анџелес Клиперс 5 4
5. Сакраменто Кингс 56

Југозападна дивизија

1. Далас Маверикс 7 3
2. Мемфис Гризлис 6 4
3. Сан Антонио Спарс 3 7
4. Хјустон Рокетс 1 9
5. Њу Орлеанс Пеликанс 1 10

Северозападна дивизија

1. Јута Џез 7 3
2. Денвер Нагетс 6 4
3. Портланд Трејл Блејзерс 5 5
4. Минесота Тимбервулфс 3 6
5. Оклахома Сити Тандер 3 6