Кошаркарите на Јута Џез ја испуштија предноста и им овозможија на Лос Анџелес Лејкерс да триумфираат со 106:101 во еден од поинтересните дуели изминатата ноќ во НБА лигата.
Џез го контролираа резултатот во поголемиот дел од натпреварот, на шест минути пред крајот имаа сигурно водство од 92:80, а откако Лејкерс во финишто од втората четвртина останаа и без Ендони Дејвис кој го повреди десниот зглоб, се чинеше дека е на најдпобар пат да оствари уште една победа. Но следеше големата серија на Лејкерс предводени од Леброн Џејмс од 16:2, со која домашниот тим поведе со 96:94 на две минути пред крајот. Токму Џејмс со „тројка“ прво израмни на 94:94 а потоа и положи за водството 96:94.
Со „тројка“ на Хрватот Бојан Богдановиќ Џез намалија на 99:100 на 36 секунди до крајот, а во следниот напад домашните дојдоа до круцијалната предност од 103:99 благодарејќи на „тројката“ на новајлијата во лигата Остин Ривс по асистенција на Џејмс.
Леброн Џејмс ги предводеше Лејкерс со 33 коша, додека на Џез не им беа доволни ниту 37 коша на Донован Мичел.
Јута Џез се четврти во Западната конференција со сооднос на победите и поразите од 36-22, додека Лос Анџелес Лејкерс се деветт во истата конкуренција со 27-31.
Водечкиот тим во лигата Феникс Санс ја остварија и седмата последователна победа на својо терен совладивајќи го последниот тим на Западот, Хјустон Рокетс со 124:121.
Санс до победата дојдоа потешко од очекуванот, а покрај тоа речиси целото втор полувреме мораа да играат без својот лидер Крис Пол кон беше исклучен по три минути игра во третата четвртија поради кавга со судиите. Така, гостите од Хјустон останаа во можност да остварат изненадување до самиот крај, но обидот за „тројка“ на ветеранот Ерик Гордон со звукот на ситената за продолжетоци не беше успешен.
Девин Букер со 24 и Деандред Ејтон со 23 коша ги предводија Санс, додека Денис Шредер со 23 и Џејшон Тејт со 22 поени беа најефикасни кај Рокетс.
Феникс со сооднос 47-10 се уверливо водечки во Западната конференција и во целата лига, додека Хјустон со 15-42 се на дното на Западот.
Денвер Нагетс остварија важна 117:116 победа на гостувањето кај Голден Стејт Вориорс со голем пресврт во финишот, а херој стана Монте Морис кој погоди „тројка“ за победа со звукот на сирената.
Вориорс имаа водство од 77:61 кон средината на третата четвртина, а на малку повеќе од минута до крајот и од 113:108, но Нагетс поведоа со 114:113. Сепај, Стеф Кари на 4 секунди до крајот погоди шут од полудистанца со дополнително слободно фрлање за 116:114 за Вориорс. Во остатокот од времето Вориорс Нагетс му ја дадода топката на својот главен играч Никола Јокиќ околу кого се собра целата одбрана на домашните, па Србинот додаде до Морис, а овој погоди „тројка“ за победа.
Јокиќ повторно одигра сестран натпревар со 35 коша, 17 скоковои и 8 асистенции, додека Кари со 25 коша беше најефикасен кај домашните.
Голден Стеј со соодносто 42-17 се втори на Западот и во целата лига, додека Денвер со 33-25 се шести на Западот.
Чикаго Булс се вратија на самиот врв на Источната конференција со домашната победа од 125:118 против Сакраменто Кинс, во која Демар Дерозен продолжи со одличните претстави од почетокот на февраури.
Дерозен седми меч со ред постигнува 35 или повеќе поени со шут од игра од над 50 отсто, а ноќеска се запре на 38 коша со одлична асистенција на Коби Вајт кој додаде 31 кош за Булс, додека за Кинг Деарон Фокс постигна 33 поени, а Домантас Сабонис оствари 22 поени, 12 скоови и 8 асистенции.
Чикаго со сооднос 38-21 е прв во Источната конференција со натпревар и победа поевеќе од Мајами Хитс, додека Сакраменто со 22-38 е 13-ти на Западот.
Бруклин Нетс ја остварија втората победа во низа совладувајќи ги како гпости Њујорк Никс со 111:106, надоместувајќи дури 28 коша заостанување од резултатот 26:54 кон крајот на втората четвртина.
Со изаостанувањето на повредениот Кевин Дјурент и сѐ уште целосно неподготвениот Бен Симонс, кај Нетс нејефикасни беа Кен Томас со 21 и неодман дојденито до Филаделфија, Сет Кари со 29 коша, додека Никс ги предводепе Џилиус Рендл со 31 кош и10 скокови,
Со соодносто 31-27 Бруклин се осми на Истокот, додека Њукорк со 25-34 се само 12-ти во систата конферелција.
Големо изненадување се случи во Бостон каде што Детроти Пистобнс со 112:111 го совладаа домашните Селтикс. Пистонс ја прекинаа својата низа од осум последователни порази, но и серијата на Селтикс од девет победи со ред.
Џереми Грант погди за водство на Пистинс од 112:111 на 19 секунди пред крајот, а шутот за победата во псоедлниот напад на Селтикс го зема Џејсон Тејтум но не беше прецизен. Гранс ос 24 поени ги водепе Пистонс, додека Џејлен Браун впиша 31 кош за Селтикс.
Бостон останаа шести на Истокот со 34:26, додека Детроите е претполеден на Истокот и во целата лига со соодност 13-45.
Герге Попович направи чекор поблиску до првото место на сите времиња според бројот на победите меѓу тренерите, откако неговите Сан Антониот Спарс како гости ги совладаа Оклахома Сити Тандерс со 114:106. За Попович, која на клупата на Спарс е од декември 1996 година и кој со оваа екипа од Тексас освои пет тилули, ова е 1.133та победа во лигашкиот дел од сезоната во кариерата. Со тоа го мина Лени Вилкинс со кој досега го делеше второто емсто на вечната листа, а му се приближи на водешкиот Дон Нелско на само две победи.
РЕЗУЛТАТИ
ЛА Лејкерс – Јута 106:101
Бостон – Детроит 111:112
Индијана – Вашингтон 113:108
Њујорк – Бруклин 106:111
Голден Стејт – Денвер 116:117
Феникс – Хјустон 124:121
Чикаго – Сакраменто 125:118
Мемфис – Портланд 119:123
Минесота – Торонто 91:103
Оклахома Сити – Сан Антонио 106:114
Орландо – Атланта 109:130
ТАБЕЛИ
ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА:
1. Чикаго 59 38 21 64.4
2. Мајами 58 37 21 63,8
3. Милвоки 59 36 23 61,0
4. Кливленд 58 35 23 60.3
5. Филаделфија 57 34 23 59,6
6. Бостон 60 34 26 56,7
7. Торонто 57 32 25 56.1
8. Бруклин 58 31 27 53,4
9. Шарлот 59 29 30 49.2
10. Атланта 58 28 30 48.3
11. Вашингтон 57 26 31 45,6
12. Њујорк 59 25 34 42.4
13. Индијана 60 20 40 33.3
14. Детроит 58 13 45 22.4
15. Орландо 60 13 47 21.7
ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА
1. Феникс 58 48 10 82,8
2. Голден Стејт 59 42 17 71.2
3. Мемфис 60 41 19 68.3
4. Јута 58 36 22 62.1
5. Далас 58 34 24 58,6
6. Денвер 58 33 25 56,9
7. Минесота 59 31 28 52,5
8. ЛА Клиперс 60 29 31 48.3
9. ЛА Лејкерс 58 27 31 46.6
10. Портланд 59 25 34 42.4
11. Њу Орлеанс 58 23 35 39,7
12. Сан Антонио 59 23 36 39,0
13. Сакраменто 60 22 38 36,7
14. Оклахома Сити 58 18 40 31,0
15. Хјустон 57 15 42 26.3