![lamarkus oldridz](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/05/lamarkus-oldridz.jpg?resize=620%2C500&ssl=1)
Сан Антониот Спарс се пласираа во финалето од плеј-офот во Западната конференција од НБА лигата откако ноќта кон четвртокот во шестиот дуел стасаа до четвртата победа во серијата против Хјустон Рокетс со 114:75 и во финалето ќе играат против Голден Стејт Вориорс.
Иако настапија без двајцата најдобри играчи, Кауи Ленард и Тони Паркер, Спарс немаа проблем на натпреварот игран на гостински терен. Сан Антонио на полувремето водеше со 19 поени и предноста не ја испушташе до крајот.
До победата и 13-то конференциско финале ги водеше Ламаркус Олдриџ со 34 кошеви и 12 скокови, додека Џонатан Сајмонс додаде 18 кошеви.
Најдобриот стрелец кај Хјустон беше Тревор Ариза со 20 поени, а Џејмс Харден кој остана и без можноста да биде прогласен за најполозен играч, собра само двет поени.
Првиот натпревар против Голден Стејт на распоредот е во недела.