НБА: Тандер ги совладаa Клиперс во Лос Анџелес, Јокиќ за малку со нов „трипл-дабл“, Кавс ја продолжија низата победи

Кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс загубија трет натпревар по ред во НБА лигата, овојпат во својата нова сала против сѐ уште непоразените Оклахома Сити Тандер со 92:105.

Клиперс предводени од расположениот Норман Пауел подобро го започнаа дуелот, поведоа со 47:35 на средината на втората четвртина, но второто полувреме целосно им припадна на гостите. Шаи Гилџеус-Александер ги предводеше Тандер до нивната шеста последователна победа на отворањето на сезоната со 25 поени, додека Пауел застана на 24 за Клиперс.

Висока домашна победа од 129:103 впишаа Денвер Нагетс против единствениот тим кој сѐ уште нема постигнато успех оваа сезона – Јута Џез. На прагот на нов „трипл-дабл“ беше Никола Јокиќ со 27 погодоци, 16 скока и 9 асистенции на домашен терен, додека Вокер Кеслер со 18 коша и 14 скока беше подобар од останатите Џезери.

Серијата победи на стартот од сезоната ја продолжија и Кливленд Кавалирс кои го постигнаа седмиот успех во низа со 114:113 славејќи на гостувањето кај Милвоки Бакс со кошот на Донован Мичел на 0,3 секунди пред крајот на времето. Мичел го заврши дуелот со 30 поени, Џерет Ален додаде 15 со 12 скока за победникот, додека на домашните не им беа доволни само двајца расположени играчи, Демијан Лилард постигна 41 поен, од кои 10 „тројки“, со 9 асистенции, и Јанис Адетокумбо 34 со 16 скока и 9 асистенции. Милвоки паднаа на многу лош рекорд од 1-5 на почетокот од сезоната.

Шампионите Бостон Селтикс рутински ги победија Шарлот Хорнетс со 113:103 како гости со 29 асистенции на Џејсон Тејтум, додека дома Ламело Бол постигна 36. Со скор од 6-1, Бостон е втор на Истокот, веднаш зад Кливленд, додека Шарлот е 2-4.

Во Сиудад де Мехико, Мајами Хит ја оправдаа улогата на фаворити и ги победија Вашингтон Визардс со 118:98. Бам Адебајо беше инспириран со 32 поени и 14 скока, додека Билал Кулибали со 22 и Џордан Пул со 21 прекин беа најдобри за Визардс.