Кошаркарите на Торонто Рапторс избегнаа елиминирање од доигрувањето во НБА лигата победувајќи ги во својата „Скотиабенк Арена“ Филаделфија 76ерс со 110:102 во четвртиот дуел од серијата во првиот круг во Источната конференција.
Сикерс водат со 3-1 во серијата до четири победи и ќе бидат домаќини на Рапторс во петтиот натпревар кој же се игра ноќта од понеделник кон вторник во 2 часот по средноевропско време. Ниедна екипа во историјата на НБА лигата досега не успеала во доигрувањата и плеј-офот да направи пресврт откако ги загубила првите три натпревара.
Најдобар играч кај Торонто беше Паскал Сиакам со личен рекорд во доигрувањето од 34 коша, а на тоа додаде и осум скокови и пет асистенции. Гери Трент џуниуор додаде 24 поени, а Тадеус Јанг впиша 13 коша.
Џејмс Харден ги предводеше стрелцијата кај Филаделфија со 22 коша, но од игра имаше скромни 5 реализации од 17 обиди. Џоел Ембид додаде 21 поен со осум скокови, а Тобиас Харис забележа „дабл-дабл“ со 15 коша и 11 скокови.