
Кошаркарите на Јута Џез ја одбранија моменталната прва позиција во Западната конференција и во целата НБА лига со 16-та победа во досегашни настапи, со 122:108 на домашен паркет против Бостон Селтикс.
Јута до новата победа ги предводеше Донован Мичел со 36 коша и 9 асистенции, додека Бостон серијата од пет последователни гостувања на Западот ја заврши си вториот пораз по ред со 33-те поени на Џејленр Браун. Важна улога во победата на Џез имаше хрватскиот кошаркар Бојан Богдановиќ кој додаде 16 коша со 8 скокови и 4 асистенции, а кога Селтикс кон средината на четвртата делница се приближија на само 97:101, со „тројка“ ја врати поопипливата предност на домашните.
Јута е на врвот на Западот со сооднос на победи и порази 20-5, победа помалку и пораз повеќе имаат актуелните шампиони Лос Анџелес Лејкерс на второт место, додека Бостон со соодносот 12-12 е на четвртоото место на Истокот.
Интересен беше дуелот во Мајами, каде што минатогодишните финалисти домашните Хитс стасаа до третата последователна победа совладувајќи ги Њујорк Никс со 98:96. Гостите имаа неколку шанси во самиот финиш да дојдат до поповолен резултат, а последната ја испушти ЕрЏеј Барет кој со звукот на сирената не реализираше „полагање“ за продолженија.
Мајами до победата ги водеше Џими Батлер со 26 коша, 10 асистенции и 8 скокови, додека најефикасен кај Њујорк беше Илфрод Пејтон со 18 поени.
И покрај добрата серија во која се наоѓа, Мајами и натаму е дури на 10-та позиција на Истокот со сооднос 10-14, додека Њујорк е 9-ти со 11-15.
Водечката екипа во Источната конференција, Филаделфија 76ерс својата 18-та понеда сезонава ја оствари на гостувањето кај Сакраменто Кингс совалдувајќи ги со 119:111. Уште една одлична претстава прикажа центарот на Сиксерс, Џоел Ембид со 15 коша и 17 скокови, со што ги анулираше 34-те поени и 10 асистенции на Де’Арон Фокс за домашните.
Филаделфија е на чело на Истокот со соодносот 18-7, додека сакраменто падна на 9-то место на Западот со 12-12.
Тимот со најслабиот сооднос на победи и порази во целата лига, Деторит Пистонс го искористија неиграњето на Кевин Дјурант за Бруклин Нетс за да ја впишат домашната победа од 122:111. Најдобриот натпревар во кариерата го одигра кај Пистонс Џереми Грент со 32 коша, а 22 додаде Делон Рајт, додека за Нетс во вториот последователен пораз најдобар беше Кајри Ирвинг со 27 поени а го следеше Џејмс Харден со 24 коша и 12 асистенции.
Ова беше вториот од трите мечеви кои Дјурант мора да ги пропушти поради протоколите во врска со Covid-19 и втор пораз на Нетс кој со соодносот 14-12 и натами се третопласирани на Истокот, додека Пистонс со 6-18 сѐ уште се последни на истата табела.
Голден Стејт Вориорс како гости убедливо ги надиграа Сан Антонио Спарс со 114:91, благодарејќи најмногу на одличниот шут на Стеф Кари кој мечот го заврши со 32 коша, додека кај домашните најасположен беше Руде Геј со 17 поени.
Вориорс се осми на Западот со сооднос 13-12, додека Спарс се шести со 14-11.
РЕЗУЛТАТИ 9/10.02.2021
Јута – Бостон 122:108
Сан Антонио – Голден Стејт 91:114
Мајами – Њујорк 98:96
Портланд – Орландо 106:97
Сакраменто – Филаделфија 111:119
Детроит – Бруклин 122:111
Њу Орлеанс – Хјустон 130:101
ТАБЕЛИ
ИСТОЧНА Конференција
1. Филаделфија 25 18 7 72.0
2. Милвоки 24 16 8 66.7
3. Бруклин 26 14 12 53.8
4. Бостон 23 12 11 52.2
5. Индијана 24 12 12 50.0
6. Шарлот 25 12 13 48.0
7. Атланта 23 11 12 47,8
8. Торонто 24 11 13 45,8
9. Newујорк 26 11 15 42.3
10. Мајами 24 10 14 41,7
11. Кливленд 25 10 15 40.0
12. Чикаго 23 9 14 39.1
13. Орландо 25 9 16 36.0
14. Вашингтон 21 6 15 28,6
15. Детроит 24 6 18 25.0
ЗАПАДНА Конференција
1. Јута 25 20 5 80.0
2. ЛА Лејкерс 25 19 6 76.0
3. ЛА Клиперс 25 17 8 68.0
4. Феникс 23 14 9 60,9
5. Портланд 23 13 10 56.5
6. Сан Антонио 25 14 11 56.0
7. Денвер 23 12 11 52.2
8. Голден Стејт 25 13 12 52.0
9. Сакраменто 24 12 12 50.0
10. Newу Орлеанс 23 11 12 47.8
11. Мемфис 19 9 10 47.4
12. Хјустон 24 11 13 45,8
13. Далас 25 11 14 44.0
14. Оклахома Сити 23 10 13 43.5
15. Минесота 24 6 18 25.0