НБА: Јута се пласираше во полуфиналето на Западот, Денвер поведе

По почетниот пораз, кошаркарите на Јута Џез нанижаа четири победи против Мемфис Гризлис и се пласираа во полуфиналетот на Западната конференција во НБА лигата, додека Далас повторно поведе во серијата до четири победи против Лос Анџелес Клиперс.

Ноќта кон четвртокот, Јута Џез на домашен терен ги совладаа Мемефис Гризлис со 126:110, предводени од Донован Мичел со 30 поени, на коишто додаде и 10 асистенции.

По двата триумфа на гостински паркет со кои израмнија на 2-2 во победите, кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс повторно загубија на домашен терен од Далас Маверикс, кои славеа со 105:100.

Сега Маверикс водат со 3-2 во победите во серијата во којашто ниедна екипа сѐ уште не победи на домашен терен. Далас прво двапати победи во Калифорнија, откако серијата се пресели во Тексас, каде Клиперси беа двапати подобри.

Ова е третата серија во историјата на НБА-плејофот, по последниот во 1995 година, кога првите пет победи ги остваруваат гостинските екипи.

Екипата на Далас до победата ја предводеше Словенецот Лука Дончич со 42 коша, 8 скокови и 14 додавања, додека кај Клиперс најдобар беше Пол Џорџ со 23 поени и 10 скокови.