Вашингтон Визардс намалија на 2-1 во серијата до четири победи во полуфиналето од плеј-офот на Источната конференција откако ноќта кон петокот со 116:89 беа подобри од Бостон Селтикс, додека Голден Стејт Вориорс во полуфиналето од одигрувањето во Западната конференција ја зголемија предноста на 2-0 по победата над Јута Џез со 115:104.
Вашингтон, по двата пораза од Бостон на гости, славеше на домашен терен, а до победата го водеше Џон Вол кој постигна 24 кошеви и беше следен од синоќа одличниот хрватски интернационалец Бојан Богдановиќ кој направи „дабл-дабл“ со 19 кошеви, 10 скокови и две асистенции.
Визардс рано ја преземаа контролата, во првата четвртина направија серија од 22:0 којашто им го донесе водството од 34:12 и не го испуштаа до крајот. Ајзеа Томас, кој на мечот во вторникот го постави личниот рекорд со 53 кошеви, синоќа беша ограничен на само 13 поени.
Четвртиот натпревар од овој дуел ќе се одигра во недела, исто така, во Вашингтон.
Голден Стејт Вориорс ја зголемија предноста во серијата на 2-0 со победата којашто им ја донесе извонредно расположениот Дрејмонд Грин кој заврши со 21 поен, од кои пет „тројки“. Ефект од најмалку 20 поени имаа и Кевин Дурант и Стеф Кари, првиот даде 25 кошеви 11 кокови и 7 асистенции, а вториот забележа 23 кошеви и 7 асистенции.
Најдобар стрелец на натпреварот беше Гордон Хејвард од Јута со 33 кошеви, додека Руди Гоберт додаде 16 кошеви со исто толку скокови.
Третиот натпревар се игра во сабота во Солт Лејк Сити.