НБА, веројатно, продолжува кон крајот на јули

Најсилната кошаркарска лига на светот, американската НБА, ќе продолжи кој крајот на јули во Дизниленд во Орландо, и тоа со само 22 клуба коишто конкурираат за доигрувањето, објави мрежата ESPN.

Водството на НВА лигата донело одлука дека ќе се натпреваруваат само оние екипи кои обезбедиле или имаат можност за учество во плеј-офот. Така во продолжувањето на сезоната ќе ќе влезат 13 клубови од Западната и 9 од Источната конференција, а тие ќе одиграат осум натпревари кои ќе ги одредат 16-те учесници во доигрувањето, кои ќе се играат регуларно како и изминатите сезони.

Коментаторите на ESPN твердат дека конечните поединости од продолжувањето на натпреварувањето ќе бидат познати многу скоро. Според овој извор, од 30 клубови само Портланд Трејл Блејзерс биле против предлогот.

Оваа сезона во НБА лигата би требало да заврши најдоцна до 12-ти октомври, а новата сезона 2020/2021 би започнала на 1-ви декември.