НБА ѕвезда Ражон Рондо заврши во затвор – му пронашле пиштол и марихуана!

Познатиот НБА кошаркар, Ражон Рондо, завчера бил уапсен во Индијана откако во неговиот автомобил била пронајдена марихуана и оружје, познатиот американски новинар, Адријан Војнаровски.

Тој веднаш завршил во затвор, но брзо бил ослободен со кауција, а неговиот адвокат бил недостапен за коментар за ситуацијата.

„Рондо беше сопрен поради сообраќаен прекршок, а полицаецот почувствувал мирис на марихуана, што предизвикало претрес на автомобилот и при што бил пронајден пиштол, лична марихуана и реквизити за дрога“, изјави портпаролот на полицијата на државата Индијана, Стивен Вајлс.

Рондо е легенда на Бостон Селтикс, каде што помина голем дел од својата кариера, која заврши во 2022 година. За овој тим настапуваше во периодот од 2006 до 2015 година, а до крајот на кариерата често менуваше клубови, па ги носеше дресовите на Далас, Сакраменто, Чикаго, Њу Орлеанс, Лос Анџелес Лејкерс, Атланта, Лос Анџелес Клиперс и Кливленд.

Ова не е прв испад на поранешниот плејмејкер, откако во 2022 година ѝ се закануваше на сопругата дека ќе ја убие, по што таа го пријави, а во август 2023 година дојде до слична ситуација.