Во ноември 2022 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити забележа
минимален месечен раст од 0,01 п.п. и изнесува 4,41%, додека на годишна основа
оваа каматна стапка е намалена за 0,01 п.п. Просечната каматна стапка на вкупните
депозити изнесува 0,77%, што претставува месечно и годишно зголемување од 0,03
п.п. и 0,01 п.п., соодветно, соопшти Народна Банка на РСМ.
Притоа, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити во ноември изнесуваше 4,49% и е повисока за 0,05 п.п. и 0,73 п.п. на месечна и на годишна основа, соодветно. Просечната каматна стапка на новопримените депозити забележа
месечен пад од 0,23 п.п. и изнесува 1,27%, додека на годишно ниво е остварен раст
од 0,50 процентни поени, се вели натаму во соопштението на НБРСМ.
Во ноември, просечната каматна стапка на вкупните кредити на корпоративниот
сектор изнесува 3,75% и е зголемена за 0,04 п.п. во споредба со претходниот месец.
Нагорната промена е резултат на растот на каматните стапки на денарските кредити
без и со валутна клаузула (за 0,05 п.п. и 0,02 п.п., соодветно), додека каматните
стапки на кредитите во странска валута се непроменети. На годишно ниво, оваа
каматна стапка е повисока за 0,23 п.п.
Просечната каматна стапка,пак, на вкупните депозити на корпоративниот сектор, во
ноември оствари зголемување од 0,04 п.п. на месечно ниво и изнесува 1,30%.
Анализирано по валута, месечниот раст произлегува од повисоките каматни стапки
на денарските депозити без и со валутна клаузула (за 0,17 п.п. и 0,03 п.п.,
соодветно), во услови на пад на каматните стапки на депозитите во странска валута
(од 0,04 п.п.). Kаматната стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор
забележа годишно зголемување од 0,33 п.п.