НБРМ: Девизните резерви во јули намалени за 403,3 милиони евра

Вкупните девизни резерви во земјава заклучно со 31 јули оваа 2107 година беа на ниво од 2.273.300.000 евра или 403,3 милиони евра помалку во однос на истиот период минатата 2016 година, покажуваат податоците на Народната банка на Република Македонија (НБРМ).

На крајот на јуни годинава, вкупниот износ на девизните резерви изнеувал 2.399.900.000 евра или 126,6 милиони евра повеќе во однос на јули 2017 година.

Хартиите од вредност на крајот на седмиот месец од оваа година достигнале 1.840.700.000 евра или 58,4 милиони евра повеќе во споредба со претходниот месец (1.782.300.000 евра).

Месечен пад од 182,8 милиони евра е забележан кај валутите и депозитите, коишто на крајот на јули изнесуваа 189.300.000 евра.

Државното монетарно злато во јули достигна вредност од 239.000.000 евра или 2,1 милиони евра.