![50 полимер реверс](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/04/50-polimer-revers.jpg?resize=696%2C332&ssl=1)
НБРМ го претстави во понеделникот првичниот сликовен приказ на првите полимерни банкноти на Република Македонија, коишто на 15-ти мај годинава влегуваат во оптек, а се во апоенска вредност од 10 и 50 денари.
Во рамките на активностите за публикување информативно-едукативни материјали за полимерните банкноти, наменети за јавноста, коишто НРБМ ги започна во текот на минатата седмица, првичниот сликовен приказ и кратко текстуално објаснување се објавени на официјалната страница на институцијата на социјалната мрежа Facebook, а сликовниот приказ е објавен и на официјалната страница на социјалната мрежа Twitter.
И во текот на престојниот период, централната банка, на официјалната веб-страница и/или на официјалните институционални страници на социјалните мрежи ќе објавува нови едукативно-информативни материјали на оваа тема, со цел навремена и целосна информираност на населението.