НБРМ издаде нова монета

монета

Како што соопшти НБРМ, на аверсот, во горниот дел од монетата се прикажани грбот на Република Македонија, натписот „100 дeнари“ на македонски јазик, како и годината на издавање „2016“. Во централниот дел на монетата, од лево, е претставена слика на базиликата Св. Никола во Бари (Италија). Долу е прикажан мозаикот од влезот на руската православна црква Св. Никола во Бари. Од десно се статуата на свети Никола во катедралата Св. Исак во Санкт Петербург, ознаката „Ag925“, како и тежината на монетата „31.1 г“. На долниот дел е испишан називот „Република Македонија“ на македонски јазик.

На реверсот, во централниот дел од монетата е претставен гравиран и насликан портрет на свети Никола Чудотворец врз основа на иконата во црквата на св. Серафим Саровски во Санкт Петербург. Под портретот стои натписот „свети Никола Чудотворец“.

Кованaта парa е изработенa од сребро Аg925, со тежина на среброто од 31,1 г, чистота на среброто од 28,77 г и во форма на правоаголник со димензии 30 х 45 мм.

Цената на кованaтa парa „свети Никола Чудотворец“ изнесува 3.800,00 денари.

Кованите пари за колекционерски цели издадени од Народната банка се законско средство за плаќање во Република Македонија.