Годишната стапка на раст на вкупните кредити, на крајот на 30-ти ноември оваа година, е 4,9 отсто, што е под нивото на проекциите за четвртио квартал од 5,2 отсто, покажуваат најновите макроекономски показатели на Народната банка на Македонија.
Вкупните кредити во ноември бележат зголемување, но позасилено во однос на претходните месеци, како резултат на месечното зголемување на корпоративните кредити, но и на кредитите наменети за населението, при што на 30-ти минатиот месец, годишната стапка на раст на вкупните кредити изнесува 4,9 отсто и е под нивото на проекцијата за четвртиот квартал. На квартална основа, заклучно со крајот на минатиот месец, вкупните кредити бележат раст од над 2,9 милијарди денари, што е 73 отсто од очекуваниот квартален раст, согласно октомвриската проекција.
Остварениот годишен раст, како што стои во извештајот на НБРМ, во целост произлегува од зголемувањето на денарските кредити, при натамошен пад на девизните кредити.
Во повеќе наврати беше упатуван апел до банките во земјава да се зголеми кредитната активност во земјава, бидејќи банките во земјава имаат доволен кредитен потенцијал.