![ndm](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/07/ndm-1.jpg?resize=696%2C392&ssl=1)
Народно движење за Македонија го осудува кршењето на Резолуцијата 817 на Советот за безбедност на Обединетите нации од страна на специјалниот пратеник на генералниот секретар на светската организација, амбасадорот Метју Нимиц, во врска со неговите предлози за спорот за името, се наведува во писмената изјава во саботата .
„Според резолуцијата 817 на Советот за безбедност на ОН, Метју Нимиц нема мандат да дава предлози, бидејќи е овластен за давање на „добри услуги“, што подразбира дека Нимиц нема право да наметнува формални предлози за решавање на спорот со името туку, треба да дејствува незаинтересирано пренесувајќи ги на одвоени средби, ставоите и предлозите на едната од другата спротиставена страна во обидот да ги доведе страните во контакт со цел воспоставување на директни преговори“, велат од НДМ.
Оттука, се навудува уште во изјавата, меѓународноправно опсервирано предлозите на Метју Нимиц се правно неважечки поради кршење на Резолуцијата 817 од 7 април 1993 со која Советот за безбедност на ОН препорача прием на Република Македонија во Обединетите нации.
Велат и дека кршењето на резолуцијата 817 од страна на медијаторот Нимиц и не е најбитното во овој случај.
За НДМ и народот е најбитно дека се созреани условите за радикален надворешно-политички пресврт во македонската политика и Македонија најпосле да се охрабри и спорот за името од политичко-дипломатскиот терен да го префрли на правниот терен земајќи предвид дека според меѓународното општо право и правото на Обединетите нации, на Македонија и стојат на располагање четири меѓународно правно – признати механизми за употреба на името – Република Македонија во Организацијата на Обединетите нации“, се вели во соопштението на Јанко Бачев.