
Шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид ќе се засили летово со 22-годишниот француски играч од средината Тангуи Ндомбеле, тврди мадридскиот дневен спортски весник AS.
Дефанзивниот играч за врска на францускиот прволигаш Лион, е изрична желба на тренерот на „кралевите“ Зинедин Зидан, а весникот AS наведува дека тој во екипата ќе дојде како замена за Бразилецот Каземиро, кој го најави своето заминување.
Роден во Конго, Ндомбеле е стандарден член на Лион, а ланскиот октомври дебитираше и за француската репрезентација. За него шпанските медиуми тврдат дека е „новиот Макалеле“, алудирајќи на прославениот француски фудаблер Клод Макалеле кој играше во Реал заедно со Зидан.