Не ја прифаќам тезата „ако нема уставни измени, нема ЕУ“, изјави Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во емисијата Анализа на ТВ 24 вели дека не ја прифаќа тезата дека доколку ВМРО-ДПМНЕ е за Европската унија тогаш мора да гласа за уставните измени.

-Што се однесува до патот, не прифаќам теза ако сте за Европска Унија, тогаш гласајте за уставни измени. Тоа не, дециден е тој.

Посочи дека претходно кога власта носела договори не и било важно што мисли ВМРО-ДПМНЕ во однос на уставните измени, но кога им требаат за уставни измени, тогаш им е важно ВМРО-ДПМНЕ, потенцирајќи дека доколку го слушаа ВМРО-ДПМНЕ, немаше државата да се најде во оваа ситуација.

-Сега важно ви е ВМРО-ДПМНЕ, но каде бевте кога ги носевте овие договори и ни мавтавте овде во државата, а притоа ви се нудевме. Волјата на граѓаните неколку месеци претходно на локалните избори беше јасна, дека треба да има предвремени избори и промена на владата. Тогаш сето тоа го изигнориравте, и сега наеднаш ви е важно ВМРО-ДПМНЕ. А, не најдовте ниту 5 минути да го сослушате, за да видите што ВМРО-ДПМНЕ мисли, рече Мицкоски и додаде:„Затоа што, ако тогаш го сослушавте ВМРО-ДПМНЕ, немаше да се најдеме во оваа ситуација, бидејќи ќе дојдеше нов предлог после францускиот“, вели Мицкоски.