Не е реално да се зборува за „Божикно примирје“ со Русија, вели Зеленски

Да се зборува за некакво „Божиќно примирје“ или размена на заробеници меѓу Украина и Русија е нереално и без суштина, порача денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски по неговото учество на Самитот на ЕУ во делот од расправата поврзана со случувањата во земјата.

– Не може да има никакви иницијативи без учество за Украина, бидејќи конфликтот се случува на нејзина територија, истакна Зеленски.

Украинскиот претседател нагласи дека за Киев е неприфатлив документот кој се нарекува „Договор од Истанбул“, бидејќи тој не претставува никаков договор, туку руски ултиматум и Украина никогаш не ставил потпис на нешто такво.

Тој потенцира дека Украина не сака само замрзнување на конфликтот, туку сака вистински мир, а според него, Русија досега не покажала интерес за нешто такво. Зеленски додаде дека никој не може да ја турка Украина кон преговори со Русија и кон некаква јама во која би пропаднала.

Зеленски пред лидерите на ЕУ презентирал и План за мир од седум точки, кој меѓу другото вклучува пристапување на Украина кон НАТО и ЕУ, зајакнување на санкциите кон Русија и користење на замрзнати руски средства во европските земји за поддршка на Киев.

Според него, за да се стави крај на војната и да се врати мирот, САД мора да извршат максимален притисок, а Европа мора да заземе јасна позиција.

Запрашан какви се неговите очекување од Доналд Трамп по неговото преземање на должноста американски претседател, Зеленски изјави дека би сакал да го има идниот прв човек на САД на станата на Украина и дека тоа му е особено важно.

– Сакам да разговарам со него за повеќе детали за оваа војна. Мислам дека тоа е многу важно, бидејќи тој досега не беше дел од оваа војна, затоа што не беше претседател. Разбирливо е дека сакам да споделам детали со него, да разговараме, да размислам и да слушнам. Сакам да слушнам повеќе за неговите погледи, но и да му ги пренесам нашите погледи, затоа што сепак станува збор за одбраната на нашиот народ, рече Зеленски.

Тој изрази надеж оти Трамп ќе го разбере, бидејќи, како што рече, сите без разлика дали се политичари или бизнисмени се луѓе и имаат емоции, а се надева и исти вредности.

– Путин е опсен за сите. За него човековите живот не значи ништо. Мислам дека е луд. Така мислам. Тој сака да убива. Тоа е опасно за сите, рече украинскиот претседател.

Зеленски нагласи дека би сакал Трамп да и помогне на Украина да ја заврши војната, бидејќи не е целата само да се постигне прекин на огнот, затоа што за два или шест месеци или за година или две, Путин би можел одново да започне војна и во тој случај сите што го постигнале тој договор би загубиле.

– Јас не би сакал да сум меѓу нив, затоа што дури тогаш би се прашувале што да правиме. Мора да имаме реален план, силна позиција и сметам дека за тоа ќе постои единство меѓу САД и европските лидери. Се надевам, додаде Зеленски.

Запрашан дали со партнерите од ЕУ и НАТО разговарал за можноста за распоредување европски мировни сили во Украина како дел од некаква спогодба за прекин на огнот или мировен договор, Зеленски истакна дека не сака да изнесува детали за нешто такво, потенцирајќи дека украинските сојузници разгледуваат за повеќе опции како да му помогнат на Киев за прекин на војната со Русија под поволни услови.

Сепак, според него, евентуалното распоредување на мировните сили нема да биде доволно за долгорочна безбедност на земјата, туку само пристапувањето кон НАТО може да донесе безбедносни гаранции од идните руски напади.

Според него, на Украина и се потребни најмалку 19 системи за противвоздушна одбрана за да може да ја заштити својата енергетска инфраструктура, а пред се нуклеарните централи, од руските ракетни напади.

Зеленски оцени дека овие системи кои се стојат во воените магацини на партнерите на Украина, имаат потенцијал да спасуваат украински животи.

Тој категорично ја отфрли можноста за продолжување на договорите за транзит на руски гас преку украинска територија по Ново година, истакнувајќи дека Украина одбива да и овозможи на Москва да заработи дополнителни милијарди преку таквите аранжмани, кои потоа би ги користела за нејзините воени напори.

Според Зеленски, Украина ќе размисли за олеснување на транзитот на гас кој не потекнува од Русија, под услов да добие гаранции дека Москва не би имала финансиска корист од тоа.