Власта во заминување прави штети без можност за надоместување. Пред само неколку дена власта подготви нов правилник за тутун со кој ги укинува 4 та класа и збирната 2-2 класа, и ги заведува под една збирна 3 класа. Со тоа ги обезвреднува класите и остава простор за драстично намалување на цените на тутунот, што ќе резултира со крај на тутунопроизводството во Македонија, ова денеска преку статус на Фејсбук го истакнува Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.
-Овој правилник е направен без да се консултураат тутунопроизводителите и откупувачите, и воедно и на двата субјекта им се прави огромна штета.
Укинувањето на двете класи ќе доведе до пониски цени и обезвреднување на тутунот.
Владата никако да разбере дека не е важно колку класи има, туку колкава ќе биде договорената откупна цена.
Како минува времето се повеќе сум уверен дека 5 години наназад мерките во земјоделието ги предлагаат тотални некадарници кои немаат видено мотика во животот.
Додека тие седат во удобни фотељи, земјоделецот се чуди како да закрпи од први до први.
Ова наскоро ќе се смени, доаѓаат промени и нова влада која ќе го вреднува трудот на земјоделците, стои во неговиот пост на Фејсбук.