Туган Сохиев, музички директор и главен диригент на светски познатиот московски Баљшој театар, се повлекува од музиката, објавија во неделата светските агекции.
Сохиев, кој со години музицираше и во Франција, најавил истовремено дека се повлекува и од позицијата музички директор на Националниот оркестар во Тулуз.
Во емотивната изјава рекол дека секогаш ќе биде против судирите од секој вид.
Навел дека е многу горд што доаѓа од земја со богата културан историја како што е Русија, но додал дека е подеднакво горд што е дел и од музичкиот живот во Франција.
Но вели дека по руската воена операција во Украина бил под „огромен притисок да донесе невозможен избор“ меѓу овие две култири и музички традиции.
„Знам дека многумина очекуваа да се изјаснам и да ги кажам своите ставови за она што во моментов се случува“ во Украина, напишал Сохиев во писмента изјава за јавноста.
„Од мене се бараше да ја ставам едната културна традици пред другата… Наскоро ќе се бараше да изберам меѓу Чајковски, Стравински, Шостакович и Бетовен, Брамс, Дебиси. Тоа веќе се случува во Полска, евроспка земја, каде што руската музика е забранета“, истакнува Сохиев.