
За помалку од 24 часа откако Кендал Џенер се појави на социјалната платформа на TikTok, нејзиниот профил исчезна.
Џенер одбра да сними едноставен видео клип пред огледалото за нејзиниот прифил на оваа социјална мрежа, додека во позадина се слуша песната „Убаво лице“. За само два часа, видеото доби 920.000 лајкови, а скоро половина милион корисници започнаа да го следат нејзиниот профил.
Засега не е јасно зошто исчезна профилот на Кендал на „ТикТок“. Постои можност Кендал сама да ја избришала или дека TikTok ја избришал заради кршење на одредени правила. Можноста дека станува збор за погрешен профил, беше одбиена бидејќи профилот веднаш доби верификација во форма на сина марка.
Кендал (24) со години е блиску до генерацијата З, како главен корисник на оваа платформа. Таа е третиот член на семејството Кардашијан што направи профил на оваа платформа. „ТикТок“ прво го проба Кортни Кардашијан (декември 2019 година) и нејзиниот 10-годишен син Мејсон Дисик.