Не ли му е срам на Шилегов да промовира проекти на кои едно штрафче нема ставено?

Петре Шилегов продолжува да се фали со проекти на претходниот градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Коце Трајановски. Пешачкиот мост кој денеска Шилегов го пушти во употреба беше спремен за користење уште кога ја презема власта, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Се прашуваме дали не му е срам на Шилегов да промовира проекти на кои едно штрафче нема ставено. Шилегов нема реализирано ниту едно свое ветување.

Каде му се тунелите под Кале, каде му е продолжувањето на булевар Илинден со мост преку Вардар? Каде е Зип лајнот од Кале до градски парк?

До каде се ветувањата за повеќе зеленило? Секој ден гледаме како се сече некое ново дрво.

Шилегов нема направено ништо, и мизерно се слика и прави спотови со проектите на ВМРО-ДПМНЕ по кои дехидрира од плукање.