Нејмар го пропушта осминафиналето од Лигата на шампионите против Реал Мадрид

Бразилскиот фудбалер Нејмар кој настапува за Пари Сен-Жермен ќе го пропушти осминафиналето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид. Нејмар продолжува да закрепнува од повредата.

Оваа информација на Твитер ја објави новинарот Адриен Грение повикувајќи се на „Л’Екип“.

ПСЖ ќе се соочи со Реал Мадрид на 15 февруари во Париз. Реваншот ќе се игра на 9 март во Мадрид.

Нејмар оваа сезона за ПСЖ на 14 натпревари постигна три гола и имаше три асистенции. Договорот на напаѓачот со парискиот клуб е до 30 јуни 2025 година.