Нејмар и Мбапе за нова победа на ПСЖ

Двете од трите најголеми ѕвезди на Парис Сен Жермен, Бразилецот Нејмар и францускиот репрезентативец Килиан Мбапе, учестуваа во сите три погодока кои „Светците“ ги постигнаа во победата од 3:2 на гостувањето кај Бордо во саботниот дуел од 13-то коло на француското фудбалско првенство.

Мбапе беше асистент во првите два погодока што ги реализираше Нејмар во 26 и 43 минута, а во 63 минута и самиот се впиша меѓу стрелците, откако сѐ му подготви Жеоргињо Вијналдум. Домашните во финишто успеаја да го ублажат поразот, иако од почетокот на натпреварот не беа во подредена улога на тревникот. Стрелци беа Албер Елис во 78 и М’Баје Нианг во втората минута од судиското продолжение.

ПСЖ е неприкосновено прв со 34 бодови, десет повеќе од вториот Ланс, а единаесет од третата Ница која има меч помалку. Бордо, пак, е 16-ти со 12 бодови, три повеќе од зоната на испаѓња во која може да падне веќе во недела.

Актуелниот француски шампион Лил веќе четврто меч во низа не знае за победа, а во саботата на свој терен одигра само 1:1 со Анже. Португалецот Тиаго Дјало го доведе во водство Лил во 27 минута, но Марокнецот Азедин Унаи во 83 минута им донесе на гостите важен бод.

Лил со 16 бодови е дури на 12-то место на табелата, а Анжер со 18 бодови е на седмити место.

Во недела на распоред се дуелите Марсеј – Мец, Лорион – Брест, Ремс – Монако, Сен-Етјен – Клермон, Нант – Стразбур, Ница – Монпелје и Рен – Лион.