Нејмар надвор од терените десет седмици

Бразилскиот фудбалер, играч на францускиот првак Пари Сен Жермен, кој го повреде десното стапало, ќе мора да паузира десет седмици и неговото враќање на терените се очекува дури на почетокот од април, објави во средата неговиот клуб.

„Постигнат е консензус на Нејмар да му биде предложено конзервативно лекување на лезијата на петтата метатарзална коска во десното стапало“ се наведува во соопштението на ПСЖ во коешто се отфрла можноста за нова операција.

Поради повредата, Бразилецот ќе ги пропушти двата натпревара од осминафиналето во Лигата на шампионите против Манчестер Јунајтед. Датумот на неговото враќање на фудбалските терени се совпаѓа со четвртфиналеето од споменатото натпреварување.

Нејмар се повреди на мечот со Стразбур во осминафиналето од францускиот куп на 23-ти јануари. Пред две години Нејмар поради истата повреда не играше речиси три месеца, а неговиот настап беше неизвесен до сапио почеток на Светското првенство во Русија.