Пари Сен Жермен и Ал Хилал се договорија за трансферот на бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар, кој сопствениците на саудискиот прволигаш би требло да ги чини околу 90 милиони евра без бонус.
Како што известува BBC, трансферот зависи дали 31-годишниот Бразилец ќе ги мине лекарските прегледи и ќе ги добие сите потребни дозволи.
Нејмар во ПСЖ дојде во 2017 година од Барселона за рекордната сума од 222 милиони евра.
Во саботата не беше во тимот кој на својот „Парк на принцовите“ одигра 0:0 со Лориен во првото коло од новото француско првенство, а новиот тренер на парискиот тим Луис Енрике го нема во плановите за оваа сезона.
Засега не е објавено колкава ќе биде платата на Нејмар, а се претпоставува дека ќе биде значително поголема од 25 милиони евра годишно, колку што заработуваше во ПСЖ.
Нејмар во ПСЖ одигра 173 натпревари и освои 13 трофеи, но остана без титула во Лигата на шампиони, што беше императив за екипата составена од најголемите ѕвезди како што се Лионел Меси и Килиан Мбапе.
Престојот на Бразилецот во Франција го одбележаа и бројни повреди. Во март мораше на операција, поради која ја пропушти завршницата минатата сезона, а со тренинзите започна во јули.
Веста за заминувањето на Нејмар од ПСЖ дојде помалку од 24 часа откако во првиот тим е вратен Мбапе, кој со клупското водство договори да остане и дека нема да го напушти Париз без отштета на крајот од сезоната, до кога има поптишан договор со клубот.