Бразилската sвезда Нејмар и поранешниот фудбалер Дејвид Бекам дадоа интервју, во кое играчот на ПСЖ ги понуди своите услуги на новиот клуб на Англичанецот – Интер Мајами.
Сепак, навивачите на новиот тим не треба да се грижат премногу, бидејќи Нејмар посочи дека ќе размисли да премине за 10 години. За време на интервјуто меѓу поранешната и сегашната sвезда на ПСЖ, Нејмар призна дека би сакал да игра во МЛС еден ден и го спомна Бекам како „негов претседател“.
-Верувам дека ова е одлична можност земјата да го развие својот фудбал. Како што реков претходно, веќе имам договор со Дејвид. Ќе бидам таму за неколку години. Ние сме во ова заедно. Тој е мојот претседател, беа зборовите на Бразилецот.
– Затоа, ќе те натерам да потпишеш парче хартија. Празен лист хартија. Ова ќе биде десетгодишен договор за Мајами. Нема да платиме многу!, рече Бекам, давајќи празно ливче на Нејмар како симболичен договор меѓу двајцата.
Нејмар во моментов има повреда во ребрата и ја пропушти победата на ПСЖ со 4-2 над Лион во текот на викендот. Досега оваа сезона тој има 13 голови во Лига 1 со шест асистенции.