Не може Македонија да менува учебници, а Бугарија да не менува, се ќе биде со репроцитет, вели Георгиев

Тука има реципроцитет. Тоа е двострано, реципрочно. Ние ги добивме сите учебници од Бугарија како што и тие ги добија македонските учебници. Сите обврски кои ќе произлезат од препораките на пример за заедничко чествување се однесуваат и на Бугарија, не само на Македонија. Препораките се однесуваат и на бугарските учебници, не само на македонските учебници , вели Георгиев во интервју за Канал 77.

Северна Македонија нема да преземе еднострани обврски, и сѐшто ќе направи македонско-бугаската комисија за исторски прашања е на база на реципроцитет, вели професорот Драги Георгиев.

– Не може Северна Македонија да ги менува учебниците, а Бугарија да не смени ништо во нејзините учебници. Не може Северна Македонија да смени натпис на некој од спомениците на пример, ако дојде до тоа, а Бугарија да не смени, да остане онака како што е. Тука има реципроцитет. Тоа е двострано, реципрочно. Ние ги добивме сите учебници од Бугарија како што и тие ги добија македонските учебници. Сите обврски кои ќе произлезат од препораките на пример за заедничко чествување се однесуваат и на Бугарија, не само на Македонија. Препораките се однесуваат и на бугарските учебници, не само на македонските учебници – вели Георгиев во интервју за Канал 77.

Притоа Георгиев порача дека не треба јавноста да се плаши дека ако дојде до тој процес дека ќе се случат промени само кај Северна Македонија, а дека нема да има и во Бугарија, потенцирајќи дека Комисијата не се занимава со идентитетските прашања.

– Тоа не е тема на работа на Комисијата да се престане да се манипулира дека таа ќе решава кој каков идентитет имал пред илјада години – рече професорот Георгиев.