Утринската температура ќе се движи од минус четири до еден, а дневната од четири до осум степени.
Во Скопје слично време, променливо облачно со повеќе сонце во попладневните часови. Преку денот ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус еден, а дневната ќе достигне до седум степени.
До понеделник ќе се задржи променливо облачно време. Од вторник облачноста ќе се намалува, а потоа ќе преовладува претежно сончево време. Дневната температура ќе почне да се зголемува. Утринските температури најпрво ќе опаѓаат, најстудено ќе биде наутро во вторник и во среда, а потоа ќе бидат во благ пораст. Во средината на неделата ќе дува и северен ветер, кој во среда долж Повардарието повремено ќе се засилува.