
Минималната температура утре ќе биде од 3 до 8, а максималната дневна од 15 до 19 степени. Во недела утринската температура ќе се движи од 5 до 9, а дневната од 16 до 21 степен.
Од понеделник под влијание на јужно воздушно струење ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет, а на места ќе бидат и обилни. Локално ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер.
Температурата во понеделник ќе биде од 6 до 22, во вторник од 7 до 21 степен, во среда од 6 до 19 степени и во четврток од 3 до 15 степени.