Сончево и потопло време за овој период не очекува денес во земјава. Ќе има појава на мала до умерена локална облачност со слаб до умерен северозападен ветер.
Утринската температура ќе се движи од нула до седум, а дневната од 17 до 24 степени.
Продолжува периодот на стабилно и суво време. До петок под влијание на релативно топла воздушна маса дневните температури ќе бидат во благ пораст, а за време на викендот ќе опаѓаат.