Американскиот претседател Џо Бајден порача во понеделникот дека ќе остане кандидат на Демократската партија на претседателските избори на 5 ноември, велејќи дека е убеден оти просечните гласачи сè уште го сакаат тоа.
„Не одам никаде“, изјави Бајден за телевизиската межа MSNBC во телефонското јавување во емисијата „Morning Joe“. Притоа ги повика сите што сакаат да излезе да го „предизвикаат“ на конвенцијата на демократите во август.
Интервјуто се оценува како уште еден обид на Бајден да се опорави од лошиот настап во телевизската дебатат на 27 јуни против републиканецот Доналд Трамп, по што неговите ментални способности беа доведени во прашање иако неговата Демократска партија последните три години реовно ги отфрлаше таквите забелешки на републиканците на бројните гафови, лапсузи, спрепнувања на јавни настапи на кои четопати комуницираше и се повикуваше на дамно починати лица.
Бајден изрази фрустрација од, како што ги нарече, напорите на „елитите“ да го истуркаат од претседателската трка против Трамп, кого го победи во 2020 година.
Кога ко-водителот на емисијата Мика Бжежински ги наведе главните медиумски организации и експерти кои го повикаа да се повлече, сите кои пред четири години јавно објавија дека ќе водат кампања против Трамп и во сопственост на големи донатори на Демократската партија, Бајден рече: „Не ми е гајле што мислат тие големи имиња“.
„Поентата е дека не одам никаде. Не одам никаде. Не би се кандидирал ако апсолутно не верував дека сум најдобриот кандидат што може да го победи Доналд Трамп во 2024 година“, истакна Бајден.
Сѐ поголем број демократски членови на Конгресот изразуваат загриженост дека ниската јавна поддршка на Бајден, како и несигурноста поради неговата возраст, може да ѝ наштетат на партијата во 20-те најконкурентни трки за места во Претставничкиот дом. Потпретседателката Камала Харис се смета за најверојатниот наследник доколку Бајден се повлече од функцијата.
Анкетата на Reuters/Ipsos, кои отворено истапуваат против Трамп, минатата седмица покажа дека секој трет демократски гласач верува дека Бајден треба да се откаже од трката, а 59 отсто од испитаниците од партијата на претседателот рекле дека е премногу стар за да ја води владата.
Бајден во писмо до демократите порача дека е свесен за нивната загриженост, но дека сега е време да се затворат редовите.
„Прашањето како да се оди напред постои веќе една седмица. Време е да заврши. Имаме една работа. Тоа е да го победиме Доналд Трамп“, им напиша Бајден на сопартијците.