Нe паѓа уделот на позитивните во вкупниот број тестирани, 815 новозаразени и 20 смртни исходи од Covid-19

Во последните 24 часа во Македонија со направени 2.664 тестирања потврдени се 815 нови случаи на коронаинфекции, што повторно е висока стапка од речиси третина од бројот на тестирани премерици, а истовремено регистрирани се уште 20 смртни исходи како последица на компликации предизвикани од Covid-19, соопшти во саботата вечерта министерството за здравство.

Покрај тоа, и натаму бројката на оздравени пациенти е за повеќе од двојно помала од бројот на новозаразените во последното деноноќие, па така во пресекот од петокот кон саботата регистрирани се вкупно 396 оздравени од Covid-19.

Со последните показатели, вкупната бројка овид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 77.949, бројката на оздравени пациенти е 53.345, на починати е 2.274. Во моментов во Македониај активни се дури 22.330 случаи на заразата со коронавиусот.

Од починати се 20 лица, најмногу или осум пациенти се Скопје каде што најмладиот починат е на 51 а највозрасниот на 84-годишна возраст или 76, 65, 84, 64, 71, 80, 51, 74г. Еден од починатите е од Штип (82г), двајца се од Прилеп (68 и 72г), еден од Струга (78г), двајца од Велес (70 и 65г), еден од Битола (84г), еден од Кавадарци (68г), двајца пациенти од Гостивар (64 и 89г), еден од Струмица (63г) и еден пациент од Берово (77г).

Од нив двајца пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови.

Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

  • Скопје 33643,  активни 11956
  • Куманово 4448, активни 622
  • Дебар 586, активни 171
  • Штип 3177, активни 412
  • Прилеп 3914, активни 880
  • Тетово 4587, активни 1009
  • Струга 1896, активни 440
  • Велес 2595, активни 652
  • Битола 2849, активни 829
  • Охрид 2196, активни 651
  • Кавадарци 1863, активни 635
  • Гостивар 3220, активни 720
  • Гевгелија 1035, активни 318 (70 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 176 на Богданци и 12 се странски државјани)
  • Струмица 2142, активни 623
  • Крива Паланка 562, активни 133
  • Радовиш 576, активни 142
  • Крушево 154, активни 70
  • Кочани 1511, активни 280
  • Пробиштип 424, активни 63
  • Демир Хисар 227, активни 47
  • Македонски Брод 209, активни 36
  • Пехчево 128, активни 21
  • Берово 468, активни 96
  • Валандово 274, активни 60
  • Виница 426, активни 103
  • Делчево 641, активни 289 (178 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
  • Кратово 181, активни 26
  • Свети Николе 1008, активни 162
  • Кичево 1500, активни 329
  • Ресен 592, активни 169
  • Неготино 917, активни 386 (147 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 396 оздравени пациенти од: Скопје-79, Куманово-27, Дебар-1, Штип-21, Прилеп-34,  Тетово-29,  Велес-20, Битола-37, Кавадарци-15, Гостивар-32, Гевгелија-10, Струмица-12, Крива Паланка-5, Радовиш-8, Крушево-1, Кочани-14, Пробиштип-2, Пехчево-2, Берово-3, Валандово-4, Виница-4, Свети Николе-13, Кичево-14, Ресен-3 и Неготино-6.

Направените 2664 теста се преку: ИЈЗ-689, ЦЈЗ Скопје-79,  Авицена-215, Биотек-167, МАНУ -184,  Жан Митрев (Филип Втори)-162, Систина со PCR метода -133, лабораторија Лаор –37, Судска медицина-3, ЦЈЗ Битола-66, Инфективна клиника-2, ГАК-0, Синлаб-64, Ремедика-29, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -830, УК Пулмологија со алергологија –4, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 379.229 тестирања на Ковид -19.