(ВИДЕО) Не почитуваат дистанца и заборавија дека имаат жртвти од ковид-19: Британците ги окупираа плажите

Велика Британија ја погоди топлотен бран, поради што илјадници луѓе се собраа на плажите. Факт е дека ова беше втор најжешкиот ден во годината во Велика Британија, но властите беа шокирани од сцените од Бурнмут и неодговорното однесување на толку многу луѓе.

Температурата на југот на Англија надмина 33 степени, а Британците очигледно заборавија дека жртвите од ковид-19 сè уште се бројат. Ова беше исто така еден од најтешките денови за службите за итни случаи.

Полицијата буквално ги молела луѓето да се тргнат, но наместо граѓанска послушност, издале дури 558 казни за паркирање, што е рекорден број на едно место во толку краток временски период.

Од плажите биле извадени 33. тони ѓубре, а евидентирано е илегално кампување и антисоцијално однесување – пијани посетители кои дури и се бореле.