Не постои мировен план за Украина, тој мора да ја има предвид „стварноста“, порача Кремљ

Во моментов не постои никаков мировен план наводно предложен од Украина, но тој би морал да ја има предвид новата реалност, изјави во средата портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, алудирајќи на четирите југоисточни украински региони кои се присоединија на Русија што Киев и Западот не го признаваат.

„Не може да постои никакво мировен план за Украина кон не ја зема предвид денешната реалност со руската територија, со влегувањето на четирите нови региони во составот на Русија, никаков план кој не ги зема предвид овие реалности не може да претендира на тоа дека е мировен“, рече Песков за новинарите акредитирани во Кремљ.

Песков, всушност, одговори на барањето на странските новинари за коментар на изјавата за наводната иницијатива на украинскиот претседател Володомир Зеленски за некои чекори за „обновување на мирот“.

По одржаните референдуми во доминантно проруските југоистични украински региони отцепени по превратот во Киев во 2014 година – Доњецк, Луганск, како и Хесон и Запоржје, Русија ги приклучи кон својата државна територија, што не го прифаќаат Украина и Западот.

Во понеделникот, украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба рече дека украинските власти би сакале да одржат „мировен самит“ до крајот на февруари, по можност на платформата на Обединетите нации со генералниот секретар на организацијата Антонио Гутереш како можен посредник.

Украинскиот претседател Зеленски наводно ги промовира својот мировен план во 10 точки, кој првпат го најави во ноември, разговарајќи со американскиот претседател Џо Бајден, меѓу другите, и повикувајќи ги западните челници да одржат Глобален мировен самит врз основа на неговиот план.

Украинскиот челник, обраќајќи им се на учесниците на самитот на Г20 во средината на ноември, ја објави формулата од десет точки. Меѓу неговите предлози се обезбедување радијациона и нуклеарна безбедност, безбедност на храната и енергијата, ослободување на сите затвореници, враќање на територијалниот интегритет на Украина, што го подразбира и црноморскиот полуостров Крим кој во 2014-та се врати во составот на Русија од која под комунистичките власти на СССР во 1950-те е административно припоен на Украина, повлекување на руските трупи и прекин на непријателствата, враќање на правдата, спротивставување на екоцидот, спречување на ескалација, одредување на крајот на војната. Подоцна весникот The Wall Street Journal објави дека соработниците на Зеленски го финализираат тој документ.

Москва повеќепати порача дека е отворена за мировни преговори со Украина, но дека не гледа вистинска подготвеност од страна на Киев за суштински преговори, посочувајќи дека Зеленски се повлече од речиси постигнатиот договор во Истанбул уште во март. Руската страна потсетува и дека украинскиот челник постојано ги менува точките од евентуалните преговори, како и дека со указ забрани преговори со Москва додека на власт е Путин.