Москва денеска го отфрли извештајот на британската истражувачка група кој тврди дека еден од осомничените во случајот на труење на двојниот агент, Сергеј Скрипал е полковник на руската воена разузнавачка служба (ГРУ).
Истражувачката група “Belingket” вчера објави дека вистинското име на Руслана Баширов, еден од двајцата осомничени е Анатолиј Чепига и дека тој е офицер на военото разузнавање, прогласен за херој на Русија.
Портпаролот на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова го отфрли извештајот велејќи дека истиот е објавен за да се совпадне со обраќањето на премиерката Тереза Меј во Советот за безбедност на ОН.
Докази не постојат, но тие ја продолжуваат својата кампања за информирање чија главна задача е да се одвлече вниманието од основните прашања, како она што всушност се случило во Солсбери, напиша Захарова на Фејсбук.
Таа рече дека останува прашањето кога ќе се обезбедат докази за вмешаноста на Русите во труењето.
Порталот „Belingket“ пишува дека Чепига (39) дипломирал на Воената академија во Благовешченск, една од најдобрите институции во Русија за обука на поморские командоси и специјални сили.
Тој се борел во Чеченија, а можеби и во Украина, а во 2014 година беше прогласен за херој на Русија за “извршување на мировна мисија за време на конфликтот во Украина.”
Според „Belingket“ “многу е веројатно дека самиот рускиот претседател Владимир Путин да го одликувал Чепига за мисијата, бидејќи тој лично ги доделува одликувањата, објави АФП.