По одличната реализација, позитивни искуства и големата посетеност на Саемот за убавина во Скопје – „Beauty Congress Open Balkan“ минатата година, престижниот салон за убавина „Beauty Academy“ ве поканува на вториот саем и конгрес „BEAUTY & HEALTH“ кој ќе се одржи во хотелот „ЛИМАК“ на 5 октомври 2024 година.
Вториот саем и конгрес на индустријата за убавина и здравје е значаен настан за сите дами и господа кои се водат од мотото „во здраво тело среќен дух, а радост видлива на лицето“. Денес не е лесно да се соочиме со бројни предизвици, но доколку се смени начинот на размислување и ако се ставиме себеси на прво место, ќе се погрижиме да го задржиме чувството на задоволство и среќа во нас.
Среќата доаѓа одвнатре, но може да се види и на нашето лице, коса, нокти, тело. Со позитивен „дух“ зрачиме и го шириме насекаде околу нас и важно ни е сè на нас да изгледа хармонично и убаво.
Како што многумина велат „Убавината е во окото на оној што гледа“, за сите кои се ставаат себеси на прво место, сета потврда за убавината е во нивното око.
Саемот и конгресот годинава ќе се одржат истовремено, во две посебни сали на хотелот „Лимак“ во Скопје.
Саемските врати на „BEAUTY & HEALTH“ се отворени за сите посетители од 9:00 до 20:00 часот, а поради симболичната цена на влезниците, настанот можат да го посетат сите кој навреме ќе ги обезбеди своите билети. За сите дами и господа кои се желни за ново искуства, иновации, пристап до вежбање, масажа, третмани, ова ќе биде УНИКАТНО место за запознавање со сето горенаведено, бидејќи во текот на денот нѐ чекаат бројни промоции, разговори, вмрежување и состаноци со кои ќе го збогатите вашето знаење, за поголемо да биде задоволството. Има уште нешто што го прави овој саем УНИКАТЕН. Следете ја инстаграм страницата на Beauty Congress, бидејќи на почетокот на септември, еден месец пред саемот, ќе биде пуштена во продажба специјален ВИП билет, кој ќе ви овозможи голем број попусти, подароци и поволности. А, покрај тоа, ќе има и лото наградна игра за сите посетители, со што покрај одличното искуство ќе ви овозможи да добиете и вреден подарок или ваучер.
Ова е единствена можност да се соберат на едно место најдобрите професионалци од областа на козметиката, естетската медицина, пластичната и реконструктивната хирургија, трговците на големо, увозниците и дистрибутерите на медицински и козметички производи и опрема, продавачите на опрема за PMU, креми, препарати, производители на органска козметика, нутриционисти, фитнес тренери, физиотерапевти, дистрибутери на работни униформи и сите други кои се занимаваат со современи естетски потреби.
На овој настан ќе настапат еминентни експерти и реномирани имиња од областа на естетската хирургија од Северна Македонија, Албанија, Србија, Косово, Бугарија, Грција и Турција.
Конгресот BEAUTY & HEALTH е единствена можност во Скопје на која доктори од следните области ќе зборуваат за иновациите, најновите трендови и решенија:
- Естетска медицина: хијалуронски дермални филери, ботокс, PRP, мезотерапија, биоревитализација, липолиза, напредни техники за инјектирање филери за лице и тело, хијалуронски филери за полнење на дојка и задник, напредни техники за ботокс, ботокс за хиперхидроза, „full face“ со потокс и полно лице со хијалуронски филери.
- Пластична хирургија: кревање веѓи, корекција на уши, хирургија на очни капаци, трансплантација на коса, лифтинг на лице, ринопластика, липоскулптура на лице, отстранување на имплант на усни, зголемување на градите со импланти, намалување на градите, корекција на гинекомастија, абдоминопластика, дермо липектомија, алито липосупектомија.
- Современи апарати: Апарати за обликување и затегнување на лицето и телото, нехируршко подмладување, епилација на цело тело, со нови процедури кои нудат голема удобност и напредни резултати.
Погледнете ја нашата страница и наскоро ќе ви испратиме повеќе информации за сите еминентни експерти и бројни промоции кои ве очекуваат!
Скопје конечно има саем на индустријата за убавина и здравје! Не пропуштајте затоа што тоа е важно за вас, а нас ни е мило што сме тука!