Универзитетскиот професор Осман Кадриу во емисијата 10 минути на ТВ21 открива детали за нацрт законот за употребата на албанскиот јазик, што понатаму треба да биде услов на ДУИ за давање потписи за лидерот на СДСМ, Зоран Заев, да го добие мандатот за формирање на Влада.
Професорот потврдува дека дел од барањата излегуваат од Уставот, но дека сите тие биле значајни за Албанците во Македонија.
Се бара на целата територија на Македонија служебни јазици да се македонскиот јазик и неговото кирилично писмо и албанскиот јазик и неговото писмо.
За некои прашања, како што вели тој имало согласност помеѓу двата блока.
– Се предлага претседавачот на Собранието ако е Албанец да може да говори на албански јазик и да раководи со пленарна седница на албански јазик. Се предлага членовите во Владата кои се Албанци да можат да говорат на својот јазик. Ако и претседавачот на седницата на Владата биде Албанец, тој да раководи на седницата на својот јазик, вели Кадриу.
Најпроблематично прашање според професорот е предлогот постапките во судската власт да се водат на албански јазик. Во случаи кога учесниците во постапката се Албанци, како обвинети, судија, обвинител… тие не само да зборуваат на албански јазик, туку и постпката да се води на албански јазик, а тоа е сложено. Тоа да важи и за управната постапка.
Во нацрт законот се бара исто така и написите на сите државни органи, како Собрание, Влада, Претседател на Македонија, министрества, судови, обвинителства, да бидат напишани и на албански јазик. Тоа повлекува и содржината на печатите, исто така, да биде напишана на албански јазик.
Во продолжение погледнете го целиот разговор со професорот Кадриу.