Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски вечерва истакна дека во делот на обезбедување на гас Македонија нема да има проблеми. Во вечерашното интервју во „Вин-Вин“ на Телма ТВ посочи дека проблемот со затворањето на гасоводот во Украина може да предизвика одредени удар на европските берзи, но не очекува некои сериозен удар во однос на цената на гасот и на електричната енергија
-Во делот на обезбедувањето на гас Македонија ќе нема проблеми. Гасот доаѓа од „Турски тек“, тоа е во најголем дел гас на „Гаспром“, од Турција преку Бугарија доаѓа кај нас. Единствено проблемот со затворањето на гасоводот во Украина може да предизвика одредени удар на европските берзи, но она што го гледаме е дека и Австрија кажува ние немаме проблем да обезбедиме гас од друго место, Унгарија истото го кажува. Чешка и Словачка биле подготвени. Така што, не очекувам некои сериозен удар во однос на цената на гасот па понатаму тоа да влијае и на електричната енергија. Можно е бидејќи вообичаено Европа во отсекогаш увезувала доста големи количини на електрична енергија од Украина. Сега енергетски голем број на производствени енергетски постројки во Украина во оваа тотално луда војна, се уништени и веќе се гледа и обратна насока на движењето на електричната енергија. Увезуваат електрична енергија и ќе видиме тоа како оваа зима ќе биде најкарактеристично бидејќи во изминативе неколку месеци се уништија најголем број на нивни производни постројки. Па ќе видиме сето тоа како ќе функционира. Она што го гледаме на берзите е да кажеме некоја цена од помеѓу 100 и 110 евра за мегават час.Тоа се првиот квартал на 2025 и цела 2025, тука е некаде во разлика од пет проценти. Па да видиме како ќе биде, но предизвици секогаш ќе има. Беше интерсно во изминативе неповрзано со електрична енергија природниот гас кога се навестија нападите на Иран врз Израел, цената на нафтата порасна за 10 долари. Па сега кога пројде тоа почнува да се намалува овие неколку дена. Така што, берзиве на сите енергенси се исклучително осетливи на политика што не е добро, рече Бислимоски.
Првиот човек на РКЕ нагласи дека немаме сценарио Б, имаме само сценарио А и ЕСМ мора да застане на здрави нозе и да се врати во финансиска кондиција. Тој рече дека нема друга опција, освен намалување на трошоци и зголемување на производството.
Македонија, рече тој, е членка на Европската енергетска заедница и има преземено обврски.
-Во однос на јагленот, ние не сме некоја енергетски богата земја, имаме ресурси. Од ресурсите сме го имале јагленот, го имаме уште, да видиме до кога ќе можеме да го користиме додека ја правиме трансформацијата. Сме кажале дека во Битола од 2025 година ќе се направи когенеративна постројка. Да отидеме, ќе видиме дека нема. Тој процес на изградба на нови когенеративни постројки кои што мора да ни ги заменат блоковите во Битола, мора да го реализираме. И тоа час поскоро, вели првиот човек на РКЕ.
Тој вели дека се изградија многу обновливи извори во државата, која има потреба од таа базна енергија за да функционира системот.
-Ако капацитетот на трите блока во Битола е 700 мегавати, ние реално на мрежа имаме 450-460, нам дефакто еден блок ни е надвор од игра. Поради тоа што имаме помалку квалитетен јаглен таму, не секогаш се знае со каков квалитет е увозниот, па се меѓа со нашиот и има проблеми при самото производство на електрична енергија и затоа има чести испади, вели Бислимоски.
Тој смета дека треба да се либерализира пазарот на деривати.
– Во последниот период четири-пет години Регулаторната кажува своја методологија и гледам дека веќе е време, кај нас има огромен на трговци со електрина енергија, да зборуваме за целосна либерализација на овој сектор и на цените, да ги оставиме самите компании да се борат. Вие во Македонија само не можете да видите премиум гориво, затоа што ние имаме цена за вообиачени горива а немаме за премиум, не може Регулаторна да го каже тоа. Ќе се подобри квалитетот на горивата. Верувам дека и цената ќе остане стабилна како и до сега. Но, треба да им дадеме шанса да ги оставиме да работат затоа што реално се од целиот енергетски сектор се е либерализрано и електрична енргија и природен гас. Треба да им дадеме шанса да си работат. Има голем број на трговци, има голем број на бензиски пумпи, нека си конкурираат меѓу себе, сигурно ќе се подобри квалитетот. Така што, сметам дека треба да се либерализира пазарот, рече тој.
Бислимоски потенцира дека во Македонија во последните речиси три години се изградени 1.000 мегавати обновливи извори на енергија, процес што си го овозможи самото македонското стопанство.
-Тие беа соочени со сериозни проблеми во однос на цената на електрична енергија и сфатија дека треба да инвестираат во фотоволтаици. Најголем дел од нив си ги поставуваа на покривите на нивните компании за да си ги намалат трошоците, а дел од нив, исто така, видоа и бизнис можност и започнаа да градат фотоволтаици, изјави Бислимоски.